• Импресум
Wednesday, June 10, 2026
METRO.mk
  • Почетна
  • Вести
  • Живот
  • Забава
  • Љубов
  • Спорт
  • Хороскоп
Нема резултати
Погледни ги сите
  • Почетна
  • Вести
  • Живот
  • Забава
  • Љубов
  • Спорт
  • Хороскоп
Нема резултати
Погледни ги сите
METRO.mk
Нема резултати
Погледни ги сите

Лазаров: Не е важно кој е најдобар, важно е Македонија да победува

17/05/2026
Време за читање: 1 минути
A A
Кире Лазаров ја заврши кариерата

Македонската ракометна репрезентација уште еднаш покажа дека заслужено припаѓа на големата сцена, откако со две убедливи победи и вкупна разлика од 22 гола ја елиминира Словачка во баражот и обезбеди пласман на Светското првенство. Ова ќе биде десетто учество на Македонија на мундијалите и осмо во низа од 2013 година наваму.

По убедливата победа во Скопје, селекторот Кирил Лазаров не го криеше задоволството од настапот на своите избраници, потенцирајќи дека резултатот е доказ за огромниот напредок на оваа генерација.

„Сакам да им честитам на момците за денешните 15 гола разлика, таа разлика не се постигнува туку-така. Мора да бидеме задоволни без разлика на нивото на ривалот Словачка. Презадоволен сум од пристапот на двата натпревара од сите играчи“, изјави Лазаров.

Тој посочи дека во изминатите година и пол бил создаден тим кој функционира како вистинска целина и во кој најважен е колективниот успех.

„Успеавме да составиме тим на играчи кои се борат еден за друг, дисциплинирани се, не е важно кој е најдобар, важно е да победуваме. Се мачевме многу да дојдеме до ова и сега мора да го задржиме тоа“, истакна селекторот.

Лазаров нагласи дека голема улога во развојот на репрезентативците има и домашното првенство, каде играчите добиваат важни натпревари и искуство.

„Мислам дека играчите растат со нашата лига, во нивните клубови, со квалитетни натпревари добиваат на искуство“, рече тој.

Селекторот потсети дека откако ја презеде репрезентацијата, Македонија обезбедила настап на шест големи натпреварувања по ред, иако генерацијата е речиси целосно променета.

„Откако јас сум селектор, ова е шесто големо натпреварување во низа, со 99 проценти променета генерација од претходно. Тој процес треба да се истрпи, а ние успеавме во тој период со стручниот штаб, со РФМ и со медиумите да опстанеме на големата сцена и да создадеме производ кој ќе ја прави горда Македонија во следната деценија“, порача Лазаров.

Македонија со ова уште еднаш потврди дека останува редовен учесник на најголемите ракометни натпреварувања, а новата генерација најавува дека иднината на македонскиот ракомет е во сигурни раце.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Катар подготвува голем потег: Нан со договор од 30 милиони долари
Вести

Катар подготвува голем потег: Нан со договор од 30 милиони долари

09/06/2026
Македонските фудбалерки немоќни против Азербејџан во Битола
Вести

Македонските фудбалерки немоќни против Азербејџан во Битола

09/06/2026
Трансфер драма во Шпанија: Алварес меѓу Реал, Атлетико и Барселона
Спорт

Трансфер драма во Шпанија: Алварес меѓу Реал, Атлетико и Барселона

09/06/2026
Интимност без допир: Љубовта се почесто се раѓа преку екран
Вести

Интимност без допир: Љубовта се почесто се раѓа преку екран

09/06/2026
Aко лошо спиете може да добиете мозочен удар
Вести

Лошиот сон може да доведе до здравствени проблеми

09/06/2026
Како да го приспособите клима уредот да троши помалку струја?
Вести

Општина Гази Баба со субвенции до 20.000 денари за инвертер клими

09/06/2026
Следна вест
Сончево и топло со локална облачност

Променливо облачно време со сонце и можен дожд

Најнови вести

Катар подготвува голем потег: Нан со договор од 30 милиони долари

Катар подготвува голем потег: Нан со договор од 30 милиони долари

09/06/2026
Македонските фудбалерки немоќни против Азербејџан во Битола

Македонските фудбалерки немоќни против Азербејџан во Битола

09/06/2026
Трансфер драма во Шпанија: Алварес меѓу Реал, Атлетико и Барселона

Трансфер драма во Шпанија: Алварес меѓу Реал, Атлетико и Барселона

09/06/2026
Интимност без допир: Љубовта се почесто се раѓа преку екран

Интимност без допир: Љубовта се почесто се раѓа преку екран

09/06/2026
Aко лошо спиете може да добиете мозочен удар

Лошиот сон може да доведе до здравствени проблеми

09/06/2026
Како да го приспособите клима уредот да троши помалку струја?

Општина Гази Баба со субвенции до 20.000 денари за инвертер клими

09/06/2026
  • Импресум
Информации: +00 389 123 456 789

Developed by Konzoto. Hosted by Konzoto.

Нема резултати
Погледни ги сите
  • Почетна
  • Вести
  • Живот
  • Забава
  • Љубов
  • Спорт
  • Хороскоп

Developed by Konzoto. Hosted by Konzoto.