• Импресум
Sunday, December 7, 2025
METRO.mk
  • Почетна
  • Вести
  • Живот
  • Забава
  • Љубов
  • Спорт
  • Хороскоп
Нема резултати
Погледни ги сите
  • Почетна
  • Вести
  • Живот
  • Забава
  • Љубов
  • Спорт
  • Хороскоп
Нема резултати
Погледни ги сите
METRO.mk
Нема резултати
Погледни ги сите

Дневен хороскоп за 14 март

14/03/2022
A A
Дневен хороскоп за петок, 24 декември 2021 година

Овен
Потонавте во депресија без очигледна причина. Една личност сака да биде во врска со вас, но не знае како да ви го каже тоа. Не ги кријте своите чувства. На деловно поле, ситуацијата во вашата работна средина се менува на подобро. Личноста која постојано потенцира отворени конфликти веќе не е во доминантна позиција.

Бик
На професионално поле, главно ќе дејствувате од сенка. Тоа моментално ви одговара. Шансите за истакнување ќе дојдат подоцна. На емотивно поле, една пријателка денеска ќе ви предложи нешто интересно што ќе го вклопите во вашата љубовна врска. Леснотијата со која ќе се дружите со пријателите ќе биде голема. Некои преку нив ќе најдат нова љубов.

Близнаци
Ги раширивте крилјата и летате слободно во просторот и времето. На вашата арогантна самосвест се „палат“ сите освен личноста која многу ве интересира. На деловно поле, нештата ги правите во брзање. Ефикасни сте и остроумни. Вашата деловна ситуација се подобрува. Брзо ги трошите незаработените пари или сте се вразумиле?

Рак
На професионално поле, ќе има сѐ повеќе работа, а можно е да ви дадат и нови задачи или некого ќе заменувате на работното место. На емотивно поле, она што ви недостига во односот со саканата личност ќе се обидете да го надоместите со добро однесување и љубезност. Потребно ви е повеќе време да поминувате со саканата личност.

Лав
Не се срамете да ги кажете вашите идеи, охрабрете се. Вашите пораки ќе бидат добро прифатени. Внимавајте да не злоупотребите консумација на одредени супстанции. Оние кои работат, ќе се извлечат од некој тежок проблем. На љубовно поле влегувате во нова фаза. Време е за промени. Бидете безгрижни и слободни. Претпазливост со финансиите.

Девица
Сметате дека некои потреби на саканата личност се претерани и дека не може да ги исполните. Тоа уште повеќе ќе ве оддалечи. На професионално поле, можно е денеска да работите повеќе од вообичаеното, имате неодложливи обврски. Нема да ви биде тешко. Пресметајте си што имате на сметката и кредитната картичка.

Вага
Ќе добиете можност за почеток на нова работа. Може да очекувате дека ќе дојдете до некои важни информации. Се плашите од искрен разговор со саканата личност. Доста работи ве оптоваруваат и загрижуваат. Ако сте сингл, ве очекува ново познанство кое ќе биде значајно за вашиот емотивен живот во иднина.

Скорпија
Нема да ви биде лесно да го искажете јасно и гласно она што го мислите и чувствувате. Во добра форма сте. Ако работите, ќе почувствувате натпревар со оние поамбициозните. Не плашете се, само дајте го најдоброто од себе. На љубовно поле ве очекуваат убави моменти, дајте време за да видите како се остваруваат соништата.

Стрелец
Љубовта може да ви го разубави денот ако ѝ дозволите. Обврските ќе ве притискаат, но доколку партнерот ве прегрне, не се оттргнувајте се од неговата прегратка за да завршите уште неколку обврски. Препуштете му се на моментот. Да, разумот е важен, но сепак, понекогаш треба да го следиме срцето. Некои Стрелци со статус сингл ќе му се јават на оној што го посакуваат.

Јарец
Живеете во некој страв да не останете сами. Не се сомневајте во своите љубовни способности. Личноста што ви се допаѓа е исто така заинтересирана за вас. На професионално поле, оние што сакаат да сменат нешто на работното место, на чекор се до исполнување на тој план. Треба само да одредите на кој начин. Имате повеќе опции, одберете ја најпрофитабилната.

Водолија
Разбудете се од зимскиот сон и примете ја пролетта во себе. Заменете ја мрзливоста со енергични активности, заменете ја мрсната храна со порции богати со зеленчук, заменете ја втората шолја кафе со чај. Искористете го слободното време за да си ја подобрите и исхраната и навиките. Излезете од изолација со телото што отсекогаш сте го посакувале.

Риби
Ќе зрачите со оптимизам и постојано ќе гледате на светлата страна на животот. Можни се поводи за славење, но ќе мора да ги поминете во домашна атмосфера. Ако работите, ќе имате шанса да ги демонстрирате талентите. На љубовно поле сте директни и ќе внесете хармонија. Можно е да запознаете личност која е подготвена сосема отворено да ви ги покаже своите чувства.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Утре точно во 00:14 часот пристигнува неверојатен настан: Полната месечина во Близнаци ја менува судбината на 4 знаци
Вести

Утре точно во 00:14 часот пристигнува неверојатен настан: Полната месечина во Близнаци ја менува судбината на 4 знаци

04/12/2025
Дневен хороскоп за недела, 30 јуни 2024
Вести

Стрелец, Овен и Рак – победниците на декемвриската енергија

01/12/2025
Дневен хороскоп за понеделник, 8-ми јули 2024-та
Хороскоп

Дневен хороскоп за понеделник, 8-ми јули 2024-та

08/07/2024
Дневен хороскоп за петок, 5-ти јули 2024-та
Хороскоп

Дневен хороскоп за петок, 5-ти јули 2024-та

05/07/2024
Дневен хороскоп за четврток, 4-ти јули 2024-та
Хороскоп

Дневен хороскоп за четврток, 4-ти јули 2024-та

04/07/2024
Дневен хороскоп за среда, 3-ти јули 2024-та
Хороскоп

Дневен хороскоп за среда, 3-ти јули 2024-та

03/07/2024
Следна вест
(ВИДЕО) Руски војници влегле во дворот на баба и дедо од Украина: Следел ПРЕСВРТ кој ги шокирал сите!

(ВИДЕО) Руски војници влегле во дворот на баба и дедо од Украина: Следел ПРЕСВРТ кој ги шокирал сите!

  • Импресум
Информации: +00 389 123 456 789

Developed by Konzoto. Hosted by Konzoto.

Нема резултати
Погледни ги сите
  • Почетна
  • Вести
  • Живот
  • Забава
  • Љубов
  • Спорт
  • Хороскоп

Developed by Konzoto. Hosted by Konzoto.