Патничко возило „Фолксваген Поло“ со скопски регистарски таблички се запали попладнево додека се движело по булеварот „Јане Сандански“ во Скопје.
Од Министерството за внатрешни работи информираа дека настанот бил пријавен во СВР Скопје во 17:56 часот. Според пријавата, возилото е во сопственост на С.М. (61) од Скопје и се запалило за време на возењето.
На местото на настанот интервенирала Бригадата за противпожарна заштита на Град Скопје, која успеала брзо да го локализира и изгасне пожарот.
Засега нема информации за повредени лица, а причините за избувнувањето на пожарот ќе бидат утврдени по спроведување на дополнителна истрага и увид на надлежните служби.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:












