• ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • МАРКЕТИНГ
  • ПОЛИТИКА ЗА ПРИВАТНОСТ
Friday, September 29, 2023
METRO.mk
  • Почетна
  • Вести
  • Живот
  • Забава
  • Љубов
  • Спорт
  • Хороскоп
Нема резултати
Погледни ги сите
  • Почетна
  • Вести
  • Живот
  • Забава
  • Љубов
  • Спорт
  • Хороскоп
Нема резултати
Погледни ги сите
METRO.mk
Нема резултати
Погледни ги сите

Просветните работници утре ќе протестираат

23/05/2023
Време за читање: 1 минути
A A
Просветните работници утре ќе протестираат

Независниот синдикат за образование и НСОН утре ќе одржи протест со почеток во 12 часот од Жена парк. Учесниците во протестот ќе се движат кон зградата на Министерството за образование и наука.

Како што е најавено, во 13 часот, претставници на синдикатот ќе одржат прес-конференција пред Министерството за образование, на кои ќе ги кажат подетално своите барања, односно НЕ за спојување на наставните предмети и ДА за почитување на колективните договори.

-Како резултат на недостаток на социјален дијалог, погазување на работничките права, погазување на достоинството на просветните работници, непочитување на законите и колективните договори, членовите на НСОН ќе го искажат своето незадоволство преку јавен протест.

Незадоволни сме од најавите за спојување на повеќе наставни предмети (Географија, Историја, Хемија, Физика, Биологија, Граѓанско образование, Етика, Информатика, Техничко образование). Ваква појава може да предизвика губење на дел од работните места, а истовремено го погазува професионалниот интегритет на работниците.

Незадоволни сме и од непочитувањето на колективните договори во секторот образование. Во моментов најниската плата за најнизок степен на сложеност изнесува 12.000 денари (НЕТО), а сведоци сме дека минималната плата во државата изнесува 20.175 денари (НЕТО). Министерството за образование и наука нема слух ниту волја да ги почитува законите, а паралелно на сето тоа, сведоци сме како јавните функционери ЕКСПРЕСНО ја спроведоа одлуката на уставниот суд и добија покачување за 78%.

За јавните функционери законот е закон и тој мора да се почитува, а за просветните работници не важат истите правила, велат од НСОН.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

АХВ: Млекото со афлатоксин се враќа во Србија
Вести

АХВ: Млекото со афлатоксин се враќа во Србија

29/09/2023
За оние кои прерано си заминаа- „Легендите живеат вечно“ на 28 октомври во „Македонска филхармонија“
Забава

За оние кои прерано си заминаа- „Легендите живеат вечно“ на 28 октомври во „Македонска филхармонија“

29/09/2023
САД нудат 5 милиони долари за информации за убиството на еквадорскиот претседателски кандидат
Вести

САД нудат 5 милиони долари за информации за убиството на еквадорскиот претседателски кандидат

29/09/2023
Момче на возраст од 24 години од Битола вчера доцна попладнето починало во Битолската клиничка болница
Вести

Момче на возраст од 24 години од Битола вчера доцна попладнето починало во Битолската клиничка болница

28/09/2023
Османи: Знам дека зад барањата за малцинските права стојат нечесни намери, прилично сум сигурен дека Бугарија постојано ќе формулира нови барања
Вести

Османи: Знам дека зад барањата за малцинските права стојат нечесни намери, прилично сум сигурен дека Бугарија постојано ќе формулира нови барања

28/09/2023
Грчкиот град Волос и околината повторно под вода
Вести

Грчкиот град Волос и околината повторно под вода

28/09/2023
Следна вест
Автобусите утре ќе сообраќаат по неделен возен ред, жичарницата ќе работи вообичаено

Автобусите утре ќе сообраќаат по неделен возен ред, жичарницата ќе работи вообичаено

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • МАРКЕТИНГ
  • ПОЛИТИКА ЗА ПРИВАТНОСТ
Информации: +00 389 123 456 789

Developed by PROCESS IN. Hosted by INHOST.

Нема резултати
Погледни ги сите
  • Почетна
  • Вести
  • Живот
  • Забава
  • Љубов
  • Спорт
  • Хороскоп

Developed by PROCESS IN. Hosted by INHOST.