• Импресум
Sunday, November 16, 2025
METRO.mk
  • Почетна
  • Вести
  • Живот
  • Забава
  • Љубов
  • Спорт
  • Хороскоп
Нема резултати
Погледни ги сите
  • Почетна
  • Вести
  • Живот
  • Забава
  • Љубов
  • Спорт
  • Хороскоп
Нема резултати
Погледни ги сите
METRO.mk
Нема резултати
Погледни ги сите

За прв пат во историјата, на едно коло пред крајот на квалификациите – Македонија во игра за првото место во групната фаза

15/11/2025
A A
ФФМ доби парична казна за исвиркувањето на бугарската химна

Фудбалската репрезентација на Македонија првпат во историјата успеа до последното коло да остане во трка за првото место во една квалификациска група. Полека, но сигурно, се менува реалноста на македонскиот репрезентативен фудбал – амбициите растат, а резултатите се движат во нагорна линија.

Во квалификациската група Ј за Светското првенство, Македонија влегува во последното коло како второпласирана со 13 бода, два помалку од лидерот Белгија. Реалноста е дека Белгијците без проблем ќе ја завршат својата задача, бидејќи на домашен терен играат против апсолутниот аутсајдер Лихтенштајн – па затоа речиси извесно е дека ќе го задржат првото место кое носи директен пласман на Мундијалот.

Македонија има само математички шанси за врвот. За тоа да стане возможно, Лихтенштајн би требало да ја победи Белгија, а нашата репрезентација да слави во Кардиф против Велс. Ако вториот услов и не звучи толку недостижно, првиот останува во рамките на научна фантастика. Жално е што токму двете домашни ремија – против Велс со примен гол во 96. минута и последното против Казахстан во октомври – го отежнаа патот до првото место.

Сепак, Македонија има обезбеден бараж, а во вторник против Велс ќе се бори и за подобра позиција на ждрепката, односно за релативно полесен противник во првата бараж рунда.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Големи емоции на терен и на трибини: БиХ знае како да ја прослави победата и најмалку изборен бараж за СП
Вести

Големи емоции на терен и на трибини: БиХ знае како да ја прослави победата и најмалку изборен бараж за СП

15/11/2025
Косово испиша историја – за прв пат ќе игра бараж
Вести

Косово испиша историја – за прв пат ќе игра бараж

15/11/2025
Велс победи само минимално, Македонија и со реми во Кардиф ќе биде во предност
Вести

Велс победи само минимално, Македонија и со реми во Кардиф ќе биде во предност

15/11/2025
Ново финале Алкараз – Синер
Спорт

Ново финале Алкараз – Синер

15/11/2025
ЗНМ: Партиските тензии кон новинарите се непотребни, Ковачевски да не бара вина кај новинарите
Вести

Здружението на новинари поднесе пријава до МВР за малициозен онлајн напад врз профилите на „Слободен печат“

15/11/2025
Сообраќајот се одвива по влажни коловози
Вести

Во прекин беше сообраќајот на патот Удово – Валандово, сега е нормализиран

15/11/2025
  • Импресум
Информации: +00 389 123 456 789

Developed by Konzoto. Hosted by Konzoto.

Нема резултати
Погледни ги сите
  • Почетна
  • Вести
  • Живот
  • Забава
  • Љубов
  • Спорт
  • Хороскоп

Developed by Konzoto. Hosted by Konzoto.