Македонската фудбалска репрезентација се наоѓа на 66. место на најновата ранг-листа на ФИФА, последна за 2025 година.
Декемвриското рангирање, објавено денеска, покажува дека македонските фудбалери назадувале за едно место, со идентичен број бодови (1378,57) како и на претходната листа.
На врвот на ранг-листата останува Шпанија, пред Аргентина, Франција и Англија. Португалија се задржа на шестото место, Холандија на седмото, Белгија на осмото, Германија на деветтото, а Хрватска на десеттото.
Од последното рангирање на 19 ноември беа одиграни само 42 меѓународни натпревари, па промените во завршниот ранкинг за 2025 година се минимални. Следното рангирање ќе биде објавено на 19 јануари 2026 година.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:












