Демократската унија за интеграција (ДУИ) помина низ сериозно внатрешно реструктурирање на првата седница на Претседателството по одржаниот конгрес. На состанокот беа именувани нови претседатели на клучните локални ограноци, а партијата доби и нов портпарол.
Арта Биљали Зендели, која е назначена за нов гласноговорник на партијата, ги соопшти имињата на новите претседатели на ограноците:
Чаир: д-р Бујар Османи
Тетово: Бајрам Реџепи
Куманово: Ридван Асани
Гостивар: Валдет Џафери
Струга: Фатон Положани
Дополнително, Фатон Ахмети е назначен за шеф на кабинетот на претседателот Али Ахмети, додека Шемседин С. Бекири ќе го советува лидерот за односи со САД. Според Биљали Зендели, овие промени се во согласност со новиот статут на партијата и имаат за цел натамошно развивање на партиските структури.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:












