• Импресум
Friday, March 13, 2026
METRO.mk
  • Почетна
  • Вести
  • Живот
  • Забава
  • Љубов
  • Спорт
  • Хороскоп
Нема резултати
Погледни ги сите
  • Почетна
  • Вести
  • Живот
  • Забава
  • Љубов
  • Спорт
  • Хороскоп
Нема резултати
Погледни ги сите
METRO.mk
Нема резултати
Погледни ги сите

ВО КОСОВО ОД ДЕНЕС НЕМА ВЛЕЗ БЕЗ ТРИ ДОЗИ– еве што треба да направат вакцинираните само со две дози, се воведува и полициски час

22/01/2022
Време за читање: 1 минути
A A
ВО КОСОВО ОД ДЕНЕС НЕМА ВЛЕЗ БЕЗ ТРИ ДОЗИ– еве што треба да направат вакцинираните само со две дози, се воведува и полициски час

По наглото зголемување на бројот на заболени од ковид-19, косовската влада синоќа донесе нови мерки за спречување на ширењето на пандемијата, според кои, меѓу другото, од денеска за влез во државата е потребно да се приложи потврда за примени три дози вакцини, или две вакцини и негативен ПЦР тест, не постар од 48 часа, јави дописникот на МИА од Приштина.

Од обврската за приложување сертификати за вакцинација при влез во Косово се ослободени лицата кои патуваат транзитно, странските дипломати, децата до 12-годишна возраст и лицата кои имаат лекарска потврда дека се ослободени од вакцинација.

Косовските државјани кои немаат примено две вакцини, по враќањето во земјата ќе треба да подлегнат на седумдневен карантин во своите домови. На сите вработени во јавните институции ќе им се бара сертификат за примени најмалку две дози.

Со новите мерки, таканаречениот полициски час, односно забраната за движење, наместо од полноќ, од денеска ќе трае од 22 до пет часот наутро. Се скратува и работното време на угостителските објекти, кои, наместо до 23 часот како досега, ќе можат да работат до 21 часот, со тоа што музиката е дозволена до 20.30 часот.

Забранета е работата на ноќните клубови и организирањето фестивали, концерти, свадби и веридби, додека на погребни церемонии е дозволено присуство само на најблиските роднини.

Одлуката, која стапува во сила денеска, е со важност до 4 февруари.

Во образложението за новите мерки Владата се повикува на најновата епидемиолошка ситуација, по порастот на случаите со Ковид-19. Иако според Институтот за јавно здравство на Косово ситуацијата се смета за стабилна, сепак се вели дека опасноста останува, поради доминацијата на варијантата Омикрон на вирусот.

Последните денови во Косово имаше нагло зголемување на дневните бројки на заразени, така што само во петокот беа регистрирани 2.943 нови случаи, односно речиси 25 отсто од тестираните. Официјалната бројка на активни заболени во земјата, од околу 700, колку што изнесуваше пред две недели, вчера достигна до 12.396, додека медицинските експерти очекуваат задржување на негативниот тренд и во наредниот период.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Автобусите утре ќе сообраќаат по неделен возен ред, жичарницата ќе работи вообичаено
Вести

Жичницата на Водно времено стопирана, ЈСП најавува повторно пуштање наскоро

12/03/2026
Вооружен маж убиен по напад на синагога во близина на Детроит
Вести

Вооружен маж убиен по напад на синагога во близина на Детроит

12/03/2026
Ужасна вест: Прегазено 4-годишно дете
Вести

Автомобил удрил во 4-годишник во Скопје, детето со тешки повреди

12/03/2026
Крвава групна пресметка меѓу соседи во Скопје, 25-годишно момче е рането со пиштол
Вести

Малолетник пријавил напад во Скопје – едниот напаѓач пукал со оружје

12/03/2026
Мајсторoт Лазаров има нешто да им каже на ракометарите, но и другите спортисти во Македонија
Вести

Македонија без Митревски против Австрија

12/03/2026
Син убил татко- Трагедија во Драчево
Вести

Трагедија во Скопје: Тело на 50-годишна жена извлечено од Вардар

12/03/2026
Следна вест
Светот во шок: Се самоуби синот на славната актерка, нејзиниот живот повеќе нема смисла, па веднаш се огласи пред фановите (ФОТО)

Светот во шок: Се самоуби синот на славната актерка, нејзиниот живот повеќе нема смисла, па веднаш се огласи пред фановите (ФОТО)

Најнови вести

Автобусите утре ќе сообраќаат по неделен возен ред, жичарницата ќе работи вообичаено

Жичницата на Водно времено стопирана, ЈСП најавува повторно пуштање наскоро

12/03/2026
Вооружен маж убиен по напад на синагога во близина на Детроит

Вооружен маж убиен по напад на синагога во близина на Детроит

12/03/2026
Ужасна вест: Прегазено 4-годишно дете

Автомобил удрил во 4-годишник во Скопје, детето со тешки повреди

12/03/2026
Крвава групна пресметка меѓу соседи во Скопје, 25-годишно момче е рането со пиштол

Малолетник пријавил напад во Скопје – едниот напаѓач пукал со оружје

12/03/2026
Мајсторoт Лазаров има нешто да им каже на ракометарите, но и другите спортисти во Македонија

Македонија без Митревски против Австрија

12/03/2026
Син убил татко- Трагедија во Драчево

Трагедија во Скопје: Тело на 50-годишна жена извлечено од Вардар

12/03/2026
  • Импресум
Информации: +00 389 123 456 789

Developed by Konzoto. Hosted by Konzoto.

Нема резултати
Погледни ги сите
  • Почетна
  • Вести
  • Живот
  • Забава
  • Љубов
  • Спорт
  • Хороскоп

Developed by Konzoto. Hosted by Konzoto.