Вистинска драма денеска се одвивала во РЕК Битола, откако дури 81 вработен побарале лекарска помош во Клиничка болница Битола поради симптоми на труење со храна.
Сите пациенти пријавиле слични тегоби – стомачни болки, повраќање и покачена температура, кои се појавиле по консумирање оброк во фабричката кујна.
Специјалистот инфектолог Хараламбос Сидиропулос информира дека на сите им е укажана медицинска помош, при што најголемиот дел од пациентите се пуштени на домашно лекување, со лесна клиничка слика.
Како можен извор на труењето, според изјавите на пациентите, се посочува оброк од типот лазањи со сос, консумиран во кујната на комбинатот.
Од болницата наведуваат дека дел од лицата примиле инфузиона терапија, додека едно лице, поради потешка здравствена состојба, е задржано на Интерното одделение.
Надлежните институции веќе вршат контроли и анализи на храната, со цел да се утврди точната причина за труењето.












