Си дозволија да си коментираат и да му кажуваат на судот како ќе одлучи. Алудирам на повеќе. Не само на еден. Еве избега човек од затвор пред една недела. Зошто не побараа одговорност? Кога не е министер од ДУИ или човек од ДУИ, тогаш во прашање е државата. Дали оваа хистерија за МНАВ не беше пресликана во овој случај? Имаше извештај дека немало загрозување на безбедноста на авиособраќајот.
– И Пендаровски гледам е експерт за ова прашање. Ама што разбирам јас од воздушен собраќај, што разбира Пендаровски за воздушен собраќај, што разбираат министрите? Дајте ќе ве молам, станавте експерти, вие обвинувате, вели Артан Груби во ТВ24.
На ова му возврати Душица Мрѓа која вели дека сите не знаат што зборуваат, само Груби и ДУИ знаеле што зборуваат и го праша Груби дали го слушнал Гир што изјавил по однос на овој случај.
Груби вели дека експоненти од СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ се мешале директно во овој случај и сакаат да влијаат врз судството.