• Импресум
Thursday, July 23, 2026
METRO.mk
  • Почетна
  • Вести
  • Живот
  • Забава
  • Љубов
  • Спорт
  • Хороскоп
Нема резултати
Погледни ги сите
  • Почетна
  • Вести
  • Живот
  • Забава
  • Љубов
  • Спорт
  • Хороскоп
Нема резултати
Погледни ги сите
METRO.mk
Нема резултати
Погледни ги сите

АСОМ до Пендаровски: Бидете човек, не го потпишувајте Законот за игри на среќа

08/02/2024
A A
АСОМ до Пендаровски: Бидете човек, не го потпишувајте Законот за игри на среќа

По вчерашното изгласување на предлог измените на Законот за игри на среќа, од Асоцијацијата на спортски обложувалници на Македонија (АСОМ), уште еднаш искажаа револт за ова, како што велат, бескрајно самоволие на власта и насилно протнување на законот со европско знаменце.

Тие му се обратија повторно на претседателот на државата Стево Пендаровски, кој и самиот побара на законските измени за игрите на среќа да не се брза со процедурата со европско знаменце, без претходно да се поведе сеопфатна и стручна дебата со цел да се дојде до балансирано решение во интерес и на вработените и на граѓаните.

„Претседателе, дали сега, кога Вие сте последниот чекор до спроведување на овој контроверзен закон, ќе ги потпишете овие измени? Дали кога сте ставени пред свршен чин, ќе дозволите ваквиот закон, за кој е повеќе од очигледно дека не постои јасна европска директива, да помине без никаква јавна расправа ниту дискусија?

Целата јавност слушна дека и самиот рековте дека треба да се соочат сите аргументи низ стручна дебата и да се дојде до вистинско и балансирано решение, меѓутоа ние, членките од АСОМ и од АПИС кои претставуваме 95% од пазарот за игри на среќа, немавме ниту една прилика аргументирано да го дадеме нашиот коментар.

Претседателе, Вие и самиот сте европски ориентиран политичар, па оттука прашуваме: дали треба да се потпише закон кој нема никаква врска со европското законодавство и за кој класично се злоупотреби европското знаменце, само за да се протурка по брза постапка за нечии крајно сомнителни и контроверзни бизнис интереси? Овој закон не беше ставен ниту на ЕНЕР, ниту имаше јавна расправа, што сериозно го поткопува интегритетот на ЕУ и нејзините вредности.

Всушност, потпишувањето на измените на Законот ќе ја затвори целата индустрија за игри на среќа, принудувајќи 10.000 луѓе да останат без работа. Вкупно, директно и индиректно ќе бидат погодени 54.000 луѓе, а многу сродни бизниси и компании сериозно ќе настрадаат.

Дали сакате да ги носите на совест овие илјадници семејства? По овие измени, утре, некоја мајка веќе нема да може да си дозволи роденден за своето дете; некое семејство веќе нема да биде во можност да го отплаќа својот кредит, а го зеле затоа што биле финансиски стабилни. Потпишувањето на овој закон ќе придонесе и стотици млади луѓе да го бараат своето чаре во странство.

Претседателе, имајте слух, луѓето се исплашени. Сите тие чесно го заработуваат својот леб во целосно легална индустрија, кај стабилни компании. Истите тие луѓе ниту еднаш не се посомневале дека ќе го изгубат своето работно место, и тоа не поради своја лична одговорност, туку поради некакви измени на закон.

Претседателе, повеќе десетици пати, на сите временски прилики и неприлики, излегуваме со нашите вработени пред Собранието за да го искажеме нашиот револт. Сега е на вас да бидете пред сè човек! Не дозволувајте судбината на 10.000 лица да биде во ваши раце. Оваа бројка од 10.000 луѓе не е само статистика; тие се мајки и татковци, браќа и сестри, чесни вработени, сите со свој придонес во нашето општество. Нивните основни средства за живот, нивните аспирации и планови за иднината, но на крајот и нивното достоинство, се сега доведени во прашање.

Зад секое работно место всушност стои цело семејство, кое сега се бори со несигурност. Па затоа, Претседателе, како чувар на нашата колективна благосостојба, денес уште еднаш апелираме на Вашата емпатија, повикувајќи Ве да бидете чувар на надежта, но и на отпорот против неправдата. Вашата одлука носи тежина на илјадници лични приказни и затоа не дозволувајте Вашиот потпис да ги загрози животите на оние кои веруваат во вашиот збор“ порачаа од АСОМ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Ѓорѓиевски: Историски чекор за ЈСП, започнува обновата на возниот парк
Вести

Ѓорѓиевски: Историски чекор за ЈСП, започнува обновата на возниот парк

23/07/2026
Директорот на ФЗО Клековски: Секој кој мисли дека е оштетен при кардиолошки операции да пријави кај нас
Вести

Клековски со предупредување до гостиварци: Ризикот сè уште постои, не опуштајте се

23/07/2026
УЈП испрати известувања, Владата нуди решение за работниците во странство
Вести

Водата во Гостивар до крајот на неделата за техничка употреба, најави Мицкоски

23/07/2026
Петгодишно дете во Гостивар возело електричен тротинет – се здобило со тешки телесни повреди при удар од кола
Вести

Изречени првите 12 казни според новите правила за тротинети

23/07/2026
СДСМ ќе бира претседател на 30 јуни
Вести

СДСМ: По Гостивар и Валандово, сега и Крушево со неисправна вода

23/07/2026
Мицкоски: Од запуштен објект создадовме модерен спортски центар
Вести

Мицкоски: Од запуштен објект создадовме модерен спортски центар

23/07/2026
Следна вест
Министерот од МВР Панче Тошковски во посета на Тетово! Еве што изјави од таму!

Министерот од МВР Панче Тошковски во посета на Тетово! Еве што изјави од таму!

Најнови вести

Ѓорѓиевски: Историски чекор за ЈСП, започнува обновата на возниот парк

Ѓорѓиевски: Историски чекор за ЈСП, започнува обновата на возниот парк

23/07/2026
Директорот на ФЗО Клековски: Секој кој мисли дека е оштетен при кардиолошки операции да пријави кај нас

Клековски со предупредување до гостиварци: Ризикот сè уште постои, не опуштајте се

23/07/2026
УЈП испрати известувања, Владата нуди решение за работниците во странство

Водата во Гостивар до крајот на неделата за техничка употреба, најави Мицкоски

23/07/2026
Петгодишно дете во Гостивар возело електричен тротинет – се здобило со тешки телесни повреди при удар од кола

Изречени првите 12 казни според новите правила за тротинети

23/07/2026
СДСМ ќе бира претседател на 30 јуни

СДСМ: По Гостивар и Валандово, сега и Крушево со неисправна вода

23/07/2026
Мицкоски: Од запуштен објект создадовме модерен спортски центар

Мицкоски: Од запуштен објект создадовме модерен спортски центар

23/07/2026
  • Импресум
Информации: +00 389 123 456 789

Developed by Konzoto. Hosted by Konzoto.

Нема резултати
Погледни ги сите
  • Почетна
  • Вести
  • Живот
  • Забава
  • Љубов
  • Спорт
  • Хороскоп

Developed by Konzoto. Hosted by Konzoto.