Со претседателот Ковачевски ја посетивме кумановската компанија Босут, семејна фирма основана во 2006 година, а која произведува висококвалитетна ХТЗ заштитна опрема. Извршивме увид во производствениот процес за изработка на работни панталони, јакни и униформи со огноотпорни, водоотпорни и антистатични материјали. Нивните производи се пласирани на западноевропските пазари во Германија, Швајцарија и Холандија.
Нивниот пример ја покажува посветеноста на Владата на СДСМ со која расте продуктивноста, растат платите, а со тоа ја подобруваме и економијата во државата.