Сите граѓани кои се сликале за пасош во МРТВ и П.С. Пролет, а се уште не ги подигнале, од понеделник ќе почнат да добиваат СМС пораки кога им се готови. Освен преку СМС известување, ќе може и на веб страната mvr.gov.mk да се провери дали им готови пасошите. Кој нема да добие порака, да не оди во пукнтовите да проверува, за да не се прави гужва, апелираат од МВР.
Сообраќајните дозволи и возачките пак, кои Владата уште од вторникот најави дека ќе бидат на нивни трошок, граѓаните се уште си ги плаќаат сами. Во станиците за техничките преглед во кои направивме обиколка, велат уште не им е официјално соопштено дека не треба да им ги наплаќаат на возачите.
На некои им се брза, па морале да си платат сообраќајна со Северна Македонија за да излезат од земјава.
Одлуката за бесплатни сообраќајни дозволи вчера беше објавена во службен весник, а денес веќе треба да стапи на сила. Но, сепак граѓаните самите ќе треба да ги покријат административните такси.
За возачките и сообраќајните дозволи пропишана е административна такса која се наплатува, согласно законот за административни такси кој се уште нема претрпено измени во тој дел. МВР ќе предложи измена на законот, се со цел и административната такса да не се наплаќа, соопштија од ресорното министерство.
Цената за административните такси за сообраќајна дозвола чини околу 110 денари, а за возачка неважечка возачка дозвола е 170 денари.