Ја разбираме потребата на СДС да го брани сопствениот поранешен претседател на градска организација и осомничен за сурово двојно убиство Љупчо Палевски Палчо, но тоа што утврдила ревизијата е отсуство на процедури кои се начин низ кој се провлекува Оливер Спасовски и неговата одговорност за ненавремената реакција на службите за двојното убиство, ова преку реакција на прес-конференцијата на Даниела Колева до јавноста го истакнуваат од ВМРО-ДПМНЕ.
После 8 години министерување прашањето е зошто Оливер Спасовски не донел процедури за задолжително постапување во вакви случаеви? Сака СДС од чии структури се изроди Палевски да не убеди дека е нормално што се возел среде Скопје со возилото на прво убиениот и се движел непречено? На крајот СДС да го праша министерот за правда до кај е екстрадицијата на Палчо? Дали е на повидок негово ослободување?“, прашуваат од партијата.
Колева претходно изјави дека утврдено е дека не постојат основи за покренување на дисциплинска постапка кон било кого.
„Додека целото општество беше во тага, ДПМНЕ, Ковачев, Јанушев, дури и лично Мицкоски овој случај постојано го злоупотребуваа. Секој ден фрчеа прес конференции од белата палата полни со лаги. Во отуство на политичка понуда, без осет и без основа го обвинуваа МВР и поранешното раководство на чело со Спасовски дека не постапиле навреме, дека било закаснето делувањет, рече таа.