Поминаа повеќе од 30 денови по објава на сомневањата за политички договори и сомнителни деловни практики во Министерството за финансии на Македонија, поврзани со тендерот за набавка на интегриран информациски систем за управување со јавните финансии (IFMIS), вреден 14,5 милиони евра.
Министерството сеуште молчи за тендерот – што го финансира Светска банка.
Навистина ли Македонија ќе се соочи со нов милионски корупциски скандал што дополнително ги разнишува темелите на јавните институции кои ги водат кадри од ДУИ?
Тендерот на министерството за финансии вреден 14,5 милиони евра, со поддршка на Светската банка е распишан на 22.11.2023, а за него треба да се донесе одлука деновиве.
Јавното отворање на понудите било на 29 јануари 2024 година.
На тендерот се пријавиле 6 понудувачи.
Евалуацијата на понудите е во рацете на пет консултатнски куќи, од кои треба да биде избрана една која ќе ја избере компанијата која ќе го добие тендерот.
Важно е да се напомене и дека според правилата на Светска банка, еден понудувач не може да се најде во две понуди.
Вечер.мк веќе пишуваше за контроверзноста на процесот.
Но, тоа не е се.
Неисполнет договор во Косово, корупција во Ерменија
Целиот текст прочитајте го на Вечер