• Импресум
Friday, July 24, 2026
METRO.mk
  • Почетна
  • Вести
  • Живот
  • Забава
  • Љубов
  • Спорт
  • Хороскоп
Нема резултати
Погледни ги сите
  • Почетна
  • Вести
  • Живот
  • Забава
  • Љубов
  • Спорт
  • Хороскоп
Нема резултати
Погледни ги сите
METRO.mk
Нема резултати
Погледни ги сите

Јапонија и Кина имаа возови со 400 километри на час, нашиве министри ветувања даваат со таа брзина

10/04/2024
Време за читање: 1 минути
A A
Јапонија и Кина имаа возови со 400 километри на час, нашиве министри ветувања даваат со таа брзина

Македонските деца во 21 век не можат да видат воз. Низ земјава ретко ги има во движење, па ако родител сака на дете да му покаже локомотива треба да го носи на некој слеп колосек каде чмае некоја стара машина.

Да, да… тоа е реалноста во нашата држава во векот во кој Кина и Јапонија се натпреваруваат кој ќе направи најбрз воз, па веќе ја минаа границата од 400 километри на час. Во исто време, во Македонија (пред неколку недели) нашиве функционери успеаја да направат возот Скопје – Велес наместо 20 километри на час да „лета“ со брзина од 50 километри.

Е, во таква ситуација, Македонски железници вчера славеа. Се одбележуваа 151 година откако на 9 април 1873 година во Велес пристигнал првиот воз на линијата која водела до Солун, што се смета како почеток на железничкиот сообраќај на подрачјето на Македонија. Тогаш почнал железничкиот сообраќај и почнал подемот на овој вид на транспорт во нашата земја. Имаше бројни возови од Скопје кон Битола, Гевгелија, Кочани, Кичево…, фунционираше посебен воз „Пелагонија експрес“ кој за само два и пол часа ги носеше патниците од Скопје до Битола, имаше возни конекции кон Атина, Минхен, Париз, Белград, Бидимпешта, Прага…

Но, тоа веќе е само минато. Сите во светот се развиваа, ние стагниравме, а во последно време одиме и наназад.

Направените пруги се распаѓаат, мостовите попуштаат, а возовите, (има и некои понови) зјаат празни. Двете железнички претпријатија се едни од најголемите загубари во земјава. Македонски железници Транспорт ја заврши претходната година со долг од скоро 65 милиони евра, но уште и скоро 10 милиони евра недоспеани обврски. Македонски железнички инфраструктура, пак, е со долг од цели 41 милиони евра, а уште два милиони евра се недоспеани…

Вработените често платата ја земаат после штрајк.

Сето ова е резултат на неуспешното работење, неинвестирање, неодржување, недомаќинско работење, партиски вработувања… 

Ама владините функционери не се предаваат, уште ветуваат дека че се среди работава. Надежта сега ја гледаат во либерализацијата на железничкиот сообраќај.

-Заедно ќе ја трансформираме Железницата и ќе ја направиме европска и модерна. Со либерализацијата отворивме ново поглавје во железницата и создадовме нови можности, но нема потреба од загриженост за вашите работни места, им порача вчера на вработените владиниот вицепремиер Фатмир Битиќи.

Во негова проекција либерализацијата ќе значи и повеќе пари за модернизација на пругите, за проширување на железничката мрежа, односно зголемување на ефикасноста и ефективноста на железничкиот сообраќај во земјава…

Но, дали така и ќе биде? И зошто железницата не се оправи до сега, за да не мора да се даде на странци?

Многи работи се потребни да се сменат во организацијата на железничкиот сообраќај во Македонија, а за тоа не требаше да се чека на либерализацијата. Со децении веќе никако да се заврши пругата кон Бугарија, веќе постоечките железнички пруги не се одржуваат како што треба, не се одржуваат ни мостовите преку кои водат линиите, а набавките на нови возови наместо редовност во инвестирањето имаат карактер на изборни инвестиции со цел во тој момент да се придобијат гласовите на граѓаните. А потоа, пак, се треа по старо. На чело на овие витални државни претпријатија пак се стават партиски кадри, пак се примаат вработени од партиски списоци, а со што не може да се постигне ефикасност во функционирањето на претпријатието.

Во Македонија само ветувањата за железницата стигнуваат до 400 километри на час. Значи, Кина и Јапонија може да учат од нас.

Јапонија и Кина имаат возови со 400 километри на час, нашиве министри ветувања даваат со таа брзина

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Ѓорѓиевски: Историски чекор за ЈСП, започнува обновата на возниот парк
Вести

Ѓорѓиевски: Историски чекор за ЈСП, започнува обновата на возниот парк

23/07/2026
Директорот на ФЗО Клековски: Секој кој мисли дека е оштетен при кардиолошки операции да пријави кај нас
Вести

Клековски со предупредување до гостиварци: Ризикот сè уште постои, не опуштајте се

23/07/2026
УЈП испрати известувања, Владата нуди решение за работниците во странство
Вести

Водата во Гостивар до крајот на неделата за техничка употреба, најави Мицкоски

23/07/2026
Петгодишно дете во Гостивар возело електричен тротинет – се здобило со тешки телесни повреди при удар од кола
Вести

Изречени првите 12 казни според новите правила за тротинети

23/07/2026
СДСМ ќе бира претседател на 30 јуни
Вести

СДСМ: По Гостивар и Валандово, сега и Крушево со неисправна вода

23/07/2026
Мицкоски: Од запуштен објект создадовме модерен спортски центар
Вести

Мицкоски: Од запуштен објект создадовме модерен спортски центар

23/07/2026
Следна вест
Штета што Универзалната сала не може да прозбори, ама барем зналци сега да зборуваат како понатаму

Штета што Универзалната сала не може да прозбори, ама барем зналци сега да зборуваат како понатаму

Најнови вести

Ѓорѓиевски: Историски чекор за ЈСП, започнува обновата на возниот парк

Ѓорѓиевски: Историски чекор за ЈСП, започнува обновата на возниот парк

23/07/2026
Директорот на ФЗО Клековски: Секој кој мисли дека е оштетен при кардиолошки операции да пријави кај нас

Клековски со предупредување до гостиварци: Ризикот сè уште постои, не опуштајте се

23/07/2026
УЈП испрати известувања, Владата нуди решение за работниците во странство

Водата во Гостивар до крајот на неделата за техничка употреба, најави Мицкоски

23/07/2026
Петгодишно дете во Гостивар возело електричен тротинет – се здобило со тешки телесни повреди при удар од кола

Изречени првите 12 казни според новите правила за тротинети

23/07/2026
СДСМ ќе бира претседател на 30 јуни

СДСМ: По Гостивар и Валандово, сега и Крушево со неисправна вода

23/07/2026
Мицкоски: Од запуштен објект создадовме модерен спортски центар

Мицкоски: Од запуштен објект создадовме модерен спортски центар

23/07/2026
  • Импресум
Информации: +00 389 123 456 789

Developed by Konzoto. Hosted by Konzoto.

Нема резултати
Погледни ги сите
  • Почетна
  • Вести
  • Живот
  • Забава
  • Љубов
  • Спорт
  • Хороскоп

Developed by Konzoto. Hosted by Konzoto.