• Импресум
Friday, July 24, 2026
METRO.mk
  • Почетна
  • Вести
  • Живот
  • Забава
  • Љубов
  • Спорт
  • Хороскоп
Нема резултати
Погледни ги сите
  • Почетна
  • Вести
  • Живот
  • Забава
  • Љубов
  • Спорт
  • Хороскоп
Нема резултати
Погледни ги сите
METRO.mk
Нема резултати
Погледни ги сите

Штета што Универзалната сала не може да прозбори, ама барем зналци сега да зборуваат како понатаму

10/04/2024
Време за читање: 1 минути
A A
Штета што Универзалната сала не може да прозбори, ама барем зналци сега да зборуваат како понатаму

Универзална сала со години чекаше да биде реконструирана, ама дочека пламине јазици да ја пеплосаат. Тешка судбина има легендарнава сала, не и се паднаа одговорни функционери за да ја реновираат како што беше планот.

Каква ќе и е судбината во иднина? Што функционери сега ќе и „проречат“?

Истрагата, треба брзо да покаже која беше причината што во вчерашната огнена стихија изгореа остатоците од некогашната Универзална сала која е во фаза на реконструкција. Ќе се види дали почетната искра пламнала од некој кабел…

Но, уште од сега се знае дека дебело платените функционери кои се задолжени околу овој објект потфрлија низ годините кога само ветувања редеа, редеа… Штета што Универзална сала не може да прозбори па да каже што се не се изнаслуша. 

Сепак, сега главното прашање е – што понатаму со салата?

Кога ќе спласант изливите на револт од тоа зошто се дозволи салата 10 години да чека реконструкција, кога ќе запрат меѓупартиски обвинувања за вината на „другата страна“, јасно е дека реконструкцијата овој објект треба да продолжи. Салата мора да се обнови. Но, тоа не смее да се направи избрзано, за да се покрие срамот и досегашното несоодветно работење.

Уште вчера, додека се уште не беше целосно изгаснат пожарот, по медиумите да се појавија информации дека новата метална контрукција го издржала пожарот и дека немало никакви последици по неа. А тоа значело дека реконструкцијата можела брзо да продолжи. Е, тоа треба добро да се провери.

Ако скопјани цела година не може целосно да го користат мостот „Беласица“ и дел од стручњаците се сомневаат дека пожарот во подножјето може да им наштетил на металните сајли во негова основа, може ли толку лесно да се тврди дека огромниот оган навистина не оставил последици по металната конструкција која беше најјдиректно изложена на топлината? Посебно, новата купола поставена само пред десетина дена. Значи, потребно е детално да се провери целата метална конструкциј.

Истовремено, сега е прилика целосно да се расчистат дилемите околу тоа дали целиот проект е навистина сигурен и дали ја гарантира безбедноста: Веќе две години граѓаните ги слушаат таквите расправии меѓу скопската градоначалничка, проектантите, изведувачите и Министертсвото за култура, но не се доби целосен и јасен одговор.

Освен ова, избувнатиот пожар треба сега да послужи и како поука за тоа какви материјали треба да бидат користени посебно во внатрешноста на објектот од аспект на противпожарната заштита. И сега се потврди дека ваквите објекти пламнуваат за час.

Затоа, овој пат потемелно да се погледне кон Универзалната сала. И тоа од зналци, а не од функционери кои и до сега и земаа марка на легендарната сала.

Штета што Универзалната сала не може да прозбори, ама барем зналци сега да зборуваат како понатаму
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Ѓорѓиевски: Историски чекор за ЈСП, започнува обновата на возниот парк
Вести

Ѓорѓиевски: Историски чекор за ЈСП, започнува обновата на возниот парк

23/07/2026
Директорот на ФЗО Клековски: Секој кој мисли дека е оштетен при кардиолошки операции да пријави кај нас
Вести

Клековски со предупредување до гостиварци: Ризикот сè уште постои, не опуштајте се

23/07/2026
УЈП испрати известувања, Владата нуди решение за работниците во странство
Вести

Водата во Гостивар до крајот на неделата за техничка употреба, најави Мицкоски

23/07/2026
Петгодишно дете во Гостивар возело електричен тротинет – се здобило со тешки телесни повреди при удар од кола
Вести

Изречени првите 12 казни според новите правила за тротинети

23/07/2026
СДСМ ќе бира претседател на 30 јуни
Вести

СДСМ: По Гостивар и Валандово, сега и Крушево со неисправна вода

23/07/2026
Мицкоски: Од запуштен објект создадовме модерен спортски центар
Вести

Мицкоски: Од запуштен објект создадовме модерен спортски центар

23/07/2026
Следна вест
Ковачки: Македонија заслужува да биде горда, 3 милијарди евра за капитални инвестиции

Ковачки: Македонија заслужува да биде горда, 3 милијарди евра за капитални инвестиции

Најнови вести

Ѓорѓиевски: Историски чекор за ЈСП, започнува обновата на возниот парк

Ѓорѓиевски: Историски чекор за ЈСП, започнува обновата на возниот парк

23/07/2026
Директорот на ФЗО Клековски: Секој кој мисли дека е оштетен при кардиолошки операции да пријави кај нас

Клековски со предупредување до гостиварци: Ризикот сè уште постои, не опуштајте се

23/07/2026
УЈП испрати известувања, Владата нуди решение за работниците во странство

Водата во Гостивар до крајот на неделата за техничка употреба, најави Мицкоски

23/07/2026
Петгодишно дете во Гостивар возело електричен тротинет – се здобило со тешки телесни повреди при удар од кола

Изречени првите 12 казни според новите правила за тротинети

23/07/2026
СДСМ ќе бира претседател на 30 јуни

СДСМ: По Гостивар и Валандово, сега и Крушево со неисправна вода

23/07/2026
Мицкоски: Од запуштен објект создадовме модерен спортски центар

Мицкоски: Од запуштен објект создадовме модерен спортски центар

23/07/2026
  • Импресум
Информации: +00 389 123 456 789

Developed by Konzoto. Hosted by Konzoto.

Нема резултати
Погледни ги сите
  • Почетна
  • Вести
  • Живот
  • Забава
  • Љубов
  • Спорт
  • Хороскоп

Developed by Konzoto. Hosted by Konzoto.