• Импресум
Friday, April 17, 2026
METRO.mk
  • Почетна
  • Вести
  • Живот
  • Забава
  • Љубов
  • Спорт
  • Хороскоп
Нема резултати
Погледни ги сите
  • Почетна
  • Вести
  • Живот
  • Забава
  • Љубов
  • Спорт
  • Хороскоп
Нема резултати
Погледни ги сите
METRO.mk
Нема резултати
Погледни ги сите

Министрите ги заземаа новите позиции: Прв работен ден на владата предводена од Мицкоски

24/06/2024
Време за читање: 1 минути
A A
Министрите ги заземаа новите позиции: Прв работен ден на владата предводена од Мицкоски

Македонија има нова влада, а Христијан Мицкоски е новиот македонски премиер, откако во Владата, техничкиот премиер Талат Џафери му ја предаде премиерската функција.

Освен за премиерската, церемонии за примопредавање на функциите одржани и во останатите министерства, меѓу досегашните технички и новоизбраните министри.

Прв работен ден на новите министри

Нов македонски министер за одбрана е Владо Мисајловски.

„Да живее македонската Армија и да живее Македонија. Чест ми е што во наредниот период ќе го раководам ова министерството, а уште поголема е и обврската кои вработените и хероите кои се грижат за нашата и за безбедноста на Македонија“, порача новиот министер Мисајловски на церемонијата за примопредавањето, Владо Мисајловски.

Досегашниот заемник министер за одбрана, пак, Тирон Јајга на Мисајловски му го честиташе изборот, посакувајќи му успех во исполнувањето на функцијата.

Прв човек во Министерството за внатрешни работи е Панче Тошковски, кој ја извршуваше истата функција и во рамките на техничката влада. Тошковски денеска го доби мандатот.

Министер за надворешни работи и надворешна трговија е Тимчо Муцунски, кој првиот работен ден како министер го минува во Луксембург, на состанок меѓу шефовите на дипломатиите на Европската унија и земјите од Западен Балкан.

Полноправното членство во ЕУ е наш приоритет и тоа е од суштинско значење за регионалната соработка, безбедност и развој. На првиот работен ден од министерскиот мандат, денес сум во Луксембург, каде ќе учествувам на состанокот на министрите за надворешни работи на Европската унија и земјите од Западен Балкан, напиша Муцунски.

Министер за транспорт и заменик претседател на Владата е Александар Николоски.

Најдлабока човечка желба е да остави нешто позади себе. Добивам можност да оставам дела што ќе се трајно вградени на најубавите страни на македонската историја. Ќе правиме убави работи и многу дела, се огласи Николоски по добивањето на функцијата.

На чело на Министерството за здравство застанува Арбен Таравари од коалицијата „Вреди“. Новиот министер за здравство уште денеска ќе разреши 7-8 економски директори на клиниките. За останатите ќе се прават законски измени во најбрз рок, за да не се соочува министерството со тужби најави Таравари.

Останати министерства

На чело на Министерството за финансии застанува Гордана Димитриеска – Кочоска. Новото Министерство за енергетика, рударство и минерални ресурси ќе го предводи Сања Божиновска. Прв човек на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство е Цветан Трипуновски.  На чело на Министерството за локална самоуправа застанува Златко Перински. Министерката за образование и наука пак, е Весна Јаневска. Прв човек во Министерството за култура и туризам е Зоран Љутков. На чело на новото Министерство за дигитална трансформација застанува Стефан Андоновски. А Борко Ристовски пак, ќе биде првиот македонски министер за спорт. Горан Минчев од движењето „За наша Македонија“ е новиот министер за јавна администрација, а од редовите на ЗНАМ е и првиот човек на Министерството за правда, Игор Филков.

Изет Меџити, од истата коалиција, е новиот вицепремиер и министер за екологија. Од редовите на „Вреди“ е и новиот министер за економија и труд, Бесар Дурмиши, како и министерот за европски прашања Орхан Муртезани и за социјална политика, демографија и млади, Фатмир Лимани. Министер за односи меѓу заедниците е лидерот на Демократската партија на Србите во Македонија, Иван Стоиљковиќ. Претседателот на социјалистичката партија на Македонија, Љупчо Димовски е вицепремиер за политички систем, Шабан Салиу од „Ромски демократски сили“ е новиот вицепремиер за интеграција и имплементација на „Декадата на Ромите“ и министер без ресор, а вицепремиер за политики и добро владеење и министер без ресор ќе биде Арбен Фетаи.

77 гласа „за“ новата влада

Македонското собрание со 77 гласа „за“ и 22 „против“ ја избра новата, дваесетта по ред влада, по победата на ВМРО – ДПМНЕ на последните парламентарни избори.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Нов удар врз Техеран – ликвидиран важен командант
Вести

Нов удар врз Техеран – ликвидиран важен командант

02/04/2026
Општина Битола: Секое дете е уникатно парче од сложувалката на општеството
Вести

Општина Битола: Секое дете е уникатно парче од сложувалката на општеството

02/04/2026
Проданоски: Старо Лагово ќе стане центар на спорт, забава и адреналин
Вести

Проданоски: Времето на неодговорност во Општина Прилеп завршува

02/04/2026
Алкалоид, Комерцијална банка и Макпетрол со најголема активност
Вести

Вкупен промет од 21,52 милиони денари, позитивна сесија со раст кај банкарските акции и Алкалоид

02/04/2026
Одбележани 161 година од раѓањето на Ѓорче Петров со свечености во Прилеп
Вести

Одбележани 161 година од раѓањето на Ѓорче Петров со свечености во Прилеп

02/04/2026
Владата го усвои Планот за праведна транзиција за 2026 година
Вести

Божиновска: Историска енергетска конекција – Македонија и Албанија ја заокружуваат енергетската мапа со 400 kV далекувод“

02/04/2026
Следна вест
Бездомник го вратил паричникот со две илјади евра

Бездомник го вратил паричникот со две илјади евра

Најнови вести

Нов удар врз Техеран – ликвидиран важен командант

Нов удар врз Техеран – ликвидиран важен командант

02/04/2026
Општина Битола: Секое дете е уникатно парче од сложувалката на општеството

Општина Битола: Секое дете е уникатно парче од сложувалката на општеството

02/04/2026
Проданоски: Старо Лагово ќе стане центар на спорт, забава и адреналин

Проданоски: Времето на неодговорност во Општина Прилеп завршува

02/04/2026
Алкалоид, Комерцијална банка и Макпетрол со најголема активност

Вкупен промет од 21,52 милиони денари, позитивна сесија со раст кај банкарските акции и Алкалоид

02/04/2026
Одбележани 161 година од раѓањето на Ѓорче Петров со свечености во Прилеп

Одбележани 161 година од раѓањето на Ѓорче Петров со свечености во Прилеп

02/04/2026
Владата го усвои Планот за праведна транзиција за 2026 година

Божиновска: Историска енергетска конекција – Македонија и Албанија ја заокружуваат енергетската мапа со 400 kV далекувод“

02/04/2026
  • Импресум
Информации: +00 389 123 456 789

Developed by Konzoto. Hosted by Konzoto.

Нема резултати
Погледни ги сите
  • Почетна
  • Вести
  • Живот
  • Забава
  • Љубов
  • Спорт
  • Хороскоп

Developed by Konzoto. Hosted by Konzoto.