• Импресум
Thursday, August 6, 2026
METRO.mk
  • Почетна
  • Вести
  • Живот
  • Забава
  • Љубов
  • Спорт
  • Хороскоп
Нема резултати
Погледни ги сите
  • Почетна
  • Вести
  • Живот
  • Забава
  • Љубов
  • Спорт
  • Хороскоп
Нема резултати
Погледни ги сите
METRO.mk
Нема резултати
Погледни ги сите

Сиљановска-Давкова ги прими виолинистот Џек Либек и пијанистката Катја Апекишева

07/08/2025
Време за читање: 1 минути
A A
Сиљановска-Давкова ги прими виолинистот Џек Либек и пијанистката Катја Апекишева

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова ги прими британските уметници, виолинистот Џек Либек и пијанистката Катја Апекишева, коишто вечерва ќе настапат на британската вечер, во рамки на 65. издание на Охридско Лето. На средбата во вила Билјана во Охрид присуствуваа и директорот на фестивалот Ѓорѓи Цуцковски, како и Клер Сирс, директорка на Британскиот Совет.

Истакнувајќи дека имаат чест прв пат да го посетат Охрид, уметниците ја информираа претседателката за нивното музичко образование, досегашните впечатоци од настапите ширум светот, како и за музичките проекти коишто им претстојат.

Катја Апекишева како солист дебитирала на 12 годишна возраст. Денес, редовно настапува на фестивали за камерна музика ширум светот.

Џек Либек е професор по виолина на кралската академија за музика во Лондон и уметнички директор на Австралискиот фестивал за камерна музика.

Сиљановска-Давкова го повтори своето убедување дека културната дипломатија секогаш гради мостови меѓу државите, нациите и граѓаните, а музиката е најмоќниот и најрепрезентативен амбасадор на една земја.

Соговорниците разговараа и за реализацијата на досегашната програма на Охридско лето, која, како што истакна директорот Цуцковски, наиде на извонреден прием кај публиката.

На средбата стана збор и за соработката меѓу земјава и Велика Британија, за која сите се согласија дека се продлабочи во изминативе месеци, со потпишувањето на Договорот за стратешко партнерство.

Претседателката изрази надеж дека насловот на вечерашниот концерт „Романсата сѐ уште не е мртва” ќе испрати силна порака за крај на трагедиите со кои се соочуваме во ова време невреме на воени конфликти.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Годинашната средна оценка на матура 3,25
Вести

Државниот испитен центар: Матурантите покажаа напредок, помалку поништени тестови

06/08/2026
Возило излета од патот Ресен-Охрид
Вести

Тетовската полиција санкционираше 50 моторџии, приведен возач без возачка дозвола

06/08/2026
Милевски ќе ја депонира оставката до Владата, наследникот ќе се знае до крајот на неделата
Вести

Онколошките пациенти повторно се без терапија, одговорност мора да има, реагираат од ЛДП

06/08/2026
Кривична пријава за 52-годишен стружанец по инцидент на илинденска прослава
Вести

Мицкоски: Нема план за зголемување на цената на струјата

06/08/2026
Ако за модуларната болница во Тетово виновен беше кабелот, дали за скандалот Онкологија ќе биде виновна епруветата, велат од ВМРО-ДПМНЕ
Вести

Од Клиниката за онкологија тврдат дека онколошката терапија во најголем дел е обезбедена

06/08/2026
Николоски: Можно е да се воведе градски воз во Скопје
Вести

Николоски: Директната линија Женева – Скопје е отворена по барање на дијаспората

06/08/2026
Следна вест
Вкупно 352 кандидати ја завршија дводневна теоретска и практична обука, вели Ангелов

Вкупно 352 кандидати ја завршија дводневна теоретска и практична обука, вели Ангелов

Најнови вести

Годинашната средна оценка на матура 3,25

Државниот испитен центар: Матурантите покажаа напредок, помалку поништени тестови

06/08/2026
Возило излета од патот Ресен-Охрид

Тетовската полиција санкционираше 50 моторџии, приведен возач без возачка дозвола

06/08/2026
Милевски ќе ја депонира оставката до Владата, наследникот ќе се знае до крајот на неделата

Онколошките пациенти повторно се без терапија, одговорност мора да има, реагираат од ЛДП

06/08/2026
Кривична пријава за 52-годишен стружанец по инцидент на илинденска прослава

Мицкоски: Нема план за зголемување на цената на струјата

06/08/2026
Ако за модуларната болница во Тетово виновен беше кабелот, дали за скандалот Онкологија ќе биде виновна епруветата, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Од Клиниката за онкологија тврдат дека онколошката терапија во најголем дел е обезбедена

06/08/2026
Николоски: Можно е да се воведе градски воз во Скопје

Николоски: Директната линија Женева – Скопје е отворена по барање на дијаспората

06/08/2026
  • Импресум
Информации: +00 389 123 456 789

Developed by Konzoto. Hosted by Konzoto.

Нема резултати
Погледни ги сите
  • Почетна
  • Вести
  • Живот
  • Забава
  • Љубов
  • Спорт
  • Хороскоп

Developed by Konzoto. Hosted by Konzoto.