• Импресум
Tuesday, July 21, 2026
METRO.mk
  • Почетна
  • Вести
  • Живот
  • Забава
  • Љубов
  • Спорт
  • Хороскоп
Нема резултати
Погледни ги сите
  • Почетна
  • Вести
  • Живот
  • Забава
  • Љубов
  • Спорт
  • Хороскоп
Нема резултати
Погледни ги сите
METRO.mk
Нема резултати
Погледни ги сите

Собранието прогласи кризна состојба на дел од територијата на државата

21/04/2021
Време за читање: 1 минути
A A
Собранието прогласи кризна состојба на дел од територијата на државата

Собранието попладнево донесе неколку предлог-одлуки и еден дополнет предлог закон, кој се однесува на четвртиот пакет економски мерки, во рамки на 39-тата седница.

Во продолжението на седницата беше донесен и дополнет предлог на закон за дополнување на Законот за финансиска поддршка на граѓани со низок доход, корисници на пензија, на право на социјална сигурност на стари лица, млади лица, самохрани родители, деца без родители и родителска грижа, уметници и други лица кои вршат дејност во културата, филмски работници и естрадни. Законот е дел од четвртиот пакет економски мерки.

Собранието ја донесе и Одлуката за именување на претседател, потпретседател, членови и заменици членови на Националниот совет за евроинтеграции, како и предлогот за избор на членови на Националниот совет за високо образование и научно-истражувачка дејност.

При утврдувањето на дневниот ред на седницата, координаторот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Мицевски, во процедурална забелешка, рече дека претседателот на Собранието Талат Џафери треба да ги оддели законите, кои се дел од пакетите за антикризни мерки од другите закони. На ова, Џафери му одговори дека тој својата работа ја врши согласно Деловникот и оти нема да дозволи никој да му диктира дневен ред на седниците.

На дневниот ред на 39 седница, се најде и Предлог на закон за дополнување на Законот за здравствената заштита, по скратена постапка.

Министерот за здравство Венко Филипче образложи дека со овој закон се ограничува сумата која пациентите ја плаќаат во приватните болници. Ограничувањата, како што објасни, се на ниво на цените на пакетите што Фондот за здравствено осигурување ги плаќа кон здравствените установи, а тоа е од 40 до 300 000 денари.

– Се забранува преминување на кадар од јавно во приватно здравство за време на прогласена пандемија и се надминува оној проблем кој произлезе од Законот за управување со кризи, кој укажуваше дека ресурсите на приватните установи во ситуација на криза, кога државата ги користи, за тоа наплаќа соодветен процент. Со законот, ресурсите се користат целосно бесплатно, појасни Филипче

По редовната пауза, Собранието треба да продолжи со работа во 15 и 30 часот.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Протест на вработените во ГОБ „8-ми Септември“
Вести

Невремето го оштети и објектот на ГОБ „8 Септември“, најмногу штета на кровната конструкција

21/07/2026
Активирани кризни штабови во општините, невремето направи хаос во Скопје
Вести

Активирани кризни штабови во општините, невремето направи хаос во Скопје

21/07/2026
Деко го избра Лапорт како ново засилување за одбраната
Вести

Деко го избра Лапорт како ново засилување за одбраната

21/07/2026
„Авалон“ го откажа концертот на Џос Стоун поради невремето
Вести

„Авалон“ го откажа концертот на Џос Стоун поради невремето

21/07/2026
Невремето направи хаос, ЦУК добил повеќе од 1.000 пријави
Вести

Невремето направи хаос, ЦУК добил повеќе од 1.000 пријави

21/07/2026
Осум лица завршија во болница по силното невреме во Скопје
Вести

Осум лица завршија во болница по силното невреме во Скопје

21/07/2026
Следна вест
Германија сака да ги забрани автомобилите по 22 часот

Германија сака да ги забрани автомобилите по 22 часот

Најнови вести

Протест на вработените во ГОБ „8-ми Септември“

Невремето го оштети и објектот на ГОБ „8 Септември“, најмногу штета на кровната конструкција

21/07/2026
Активирани кризни штабови во општините, невремето направи хаос во Скопје

Активирани кризни штабови во општините, невремето направи хаос во Скопје

21/07/2026
Деко го избра Лапорт како ново засилување за одбраната

Деко го избра Лапорт како ново засилување за одбраната

21/07/2026
„Авалон“ го откажа концертот на Џос Стоун поради невремето

„Авалон“ го откажа концертот на Џос Стоун поради невремето

21/07/2026
Невремето направи хаос, ЦУК добил повеќе од 1.000 пријави

Невремето направи хаос, ЦУК добил повеќе од 1.000 пријави

21/07/2026
Осум лица завршија во болница по силното невреме во Скопје

Осум лица завршија во болница по силното невреме во Скопје

21/07/2026
  • Импресум
Информации: +00 389 123 456 789

Developed by Konzoto. Hosted by Konzoto.

Нема резултати
Погледни ги сите
  • Почетна
  • Вести
  • Живот
  • Забава
  • Љубов
  • Спорт
  • Хороскоп

Developed by Konzoto. Hosted by Konzoto.