Вечерва завршува изборната трка за вториот круг од Локалните избори 2025, што ќе се одржат во недела, 2 ноември.
На полноќ започнува изборниот молк, кој ќе трае до 19 часот во недела, кога ќе се затворат гласачките места.
Граѓаните повторно ќе излегуваат на гласање во 32 општини и во Градот Скопје, а во Шуто Оризари ќе има прегласување на три избирачки места за членови на Советот.
Во сабота право на глас први ќе остварат болни и изнемоштени лица, затвореници и лица во домашен притвор, согласно прифатените пријави.
Синоќа во Скопје ВМРО-ДПМНЕ ја одржа завршната конвенција, на која говореа Христијан Мицкоски и Орце Ѓорѓиевски.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:












