• Импресум
Thursday, July 23, 2026
METRO.mk
  • Почетна
  • Вести
  • Живот
  • Забава
  • Љубов
  • Спорт
  • Хороскоп
Нема резултати
Погледни ги сите
  • Почетна
  • Вести
  • Живот
  • Забава
  • Љубов
  • Спорт
  • Хороскоп
Нема резултати
Погледни ги сите
METRO.mk
Нема резултати
Погледни ги сите

Почина Младен Жижовиќ – фудбалер, тренер и човек кој остави трага во целиот регион

03/11/2025
Време за читање: 1 минути
A A
Почина Младен Жижовиќ – фудбалер, тренер и човек кој остави трага во целиот регион

Фудбалот на Балканот изгуби едно познато и почитувано име. Младен Жижовиќ, тренерот на Раднички Крагуевац и поранешен стратег на Шкупи, почина денеска во Лучани, за време на натпреварот од српското првенство меѓу Младост и Раднички.

Жижовиќ се сруши на теренот во 22-та минута, по што беше веднаш пренесен со брза помош, но лекарите не успеаја да го реанимираат. Веста ја потресе целата спортска јавност во регионот.

Роден во Рогатица на 27 декември 1980 година, Жижовиќ зад себе остави богата играчка и тренерска кариера. Настапуваше за Младост Рогатица, Радник Бијелина и Зрињски Мостар, а во 2008 година двапати го облече дресот на репрезентацијата на Босна и Херцеговина.

По завршувањето на играчката кариера, со истата страст се посвети на тренерската работа. Ги водеше Радник Бијелина, Зрињски Мостар, Шкупи, Борац Бања Лука, а последно беше на клупата на Раднички Крагуевац, каде што настапува и македонскиот репрезентативец Лука Станковски.

Со својот мирен карактер, професионализам и љубов кон фудбалот, Младен Жижовиќ ќе остане запаметен како човек кој го живееше спортот со целото срце.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Ѓорѓиевски: Историски чекор за ЈСП, започнува обновата на возниот парк
Вести

Ѓорѓиевски: Историски чекор за ЈСП, започнува обновата на возниот парк

23/07/2026
Директорот на ФЗО Клековски: Секој кој мисли дека е оштетен при кардиолошки операции да пријави кај нас
Вести

Клековски со предупредување до гостиварци: Ризикот сè уште постои, не опуштајте се

23/07/2026
УЈП испрати известувања, Владата нуди решение за работниците во странство
Вести

Водата во Гостивар до крајот на неделата за техничка употреба, најави Мицкоски

23/07/2026
Петгодишно дете во Гостивар возело електричен тротинет – се здобило со тешки телесни повреди при удар од кола
Вести

Изречени првите 12 казни според новите правила за тротинети

23/07/2026
СДСМ ќе бира претседател на 30 јуни
Вести

СДСМ: По Гостивар и Валандово, сега и Крушево со неисправна вода

23/07/2026
Мицкоски: Од запуштен објект создадовме модерен спортски центар
Вести

Мицкоски: Од запуштен објект создадовме модерен спортски центар

23/07/2026
Следна вест
Што жените најмногу ценат во партнерската врска, секој маж ова треба да го знае

Што жените најмногу ценат во партнерската врска, секој маж ова треба да го знае

Најнови вести

Ѓорѓиевски: Историски чекор за ЈСП, започнува обновата на возниот парк

Ѓорѓиевски: Историски чекор за ЈСП, започнува обновата на возниот парк

23/07/2026
Директорот на ФЗО Клековски: Секој кој мисли дека е оштетен при кардиолошки операции да пријави кај нас

Клековски со предупредување до гостиварци: Ризикот сè уште постои, не опуштајте се

23/07/2026
УЈП испрати известувања, Владата нуди решение за работниците во странство

Водата во Гостивар до крајот на неделата за техничка употреба, најави Мицкоски

23/07/2026
Петгодишно дете во Гостивар возело електричен тротинет – се здобило со тешки телесни повреди при удар од кола

Изречени првите 12 казни според новите правила за тротинети

23/07/2026
СДСМ ќе бира претседател на 30 јуни

СДСМ: По Гостивар и Валандово, сега и Крушево со неисправна вода

23/07/2026
Мицкоски: Од запуштен објект создадовме модерен спортски центар

Мицкоски: Од запуштен објект создадовме модерен спортски центар

23/07/2026
  • Импресум
Информации: +00 389 123 456 789

Developed by Konzoto. Hosted by Konzoto.

Нема резултати
Погледни ги сите
  • Почетна
  • Вести
  • Живот
  • Забава
  • Љубов
  • Спорт
  • Хороскоп

Developed by Konzoto. Hosted by Konzoto.