• Импресум
Saturday, November 15, 2025
METRO.mk
  • Почетна
  • Вести
  • Живот
  • Забава
  • Љубов
  • Спорт
  • Хороскоп
Нема резултати
Погледни ги сите
  • Почетна
  • Вести
  • Живот
  • Забава
  • Љубов
  • Спорт
  • Хороскоп
Нема резултати
Погледни ги сите
METRO.mk
Нема резултати
Погледни ги сите

ВМРО-ДПМНЕ разреши двајца функционери, едниот е осомничен за криминал

15/11/2025
Време за читање: 1 минути
A A
Три мега скандали во еден ден ја тресат Владата, вели ВМРО-ДПМНЕ

ВМРО-ДПМНЕ соопшти дека Илија Стоилев е разрешен од функцијата претседател на Општинскиот комитет во Свети Николе. Одлуката била донесена на синоќешната седница на Централниот комитет, по скандалот со злоупотреба на средства во Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој.

Партијата информира дека разрешувањето следи по откритијата на Обвинителството, според кои директорот на Агенцијата, Стоилев, е осомничен за примање поткуп. Во акцијата, по претреси на повеќе локации низ земјата, биле приведени пет лица. Обвинителството наведе дека иако фирмата на првоосомничениот не ги исполнувала условите за средства од ИПАРД-програмата, директорот потпишал договор по ветување за подарок од 50 илјади евра. При претрес кај него биле пронајдени и одземени 400 евра.

На седницата бил разрешен и Гоце Стоиловски од местото претседател на Општинскиот комитет во Македонска Каменица, каде што ВМРО-ДПМНЕ ги загуби локалните избори, а градоначалничката позиција ја презеде кандидат на СДСМ.

Главен дел од состанокот бил посветен на подготовките за партискиот Конгрес што ќе се одржи на 6 декември во Кавадарци. Била донесена одлука за избор на над 800 делегати кои ќе учествуваат на Конгресот, а генералниот секретар Ѓорѓија Сајкоски добил овластување да ја утврди конечната листа согласно статутот. Формиран е и организациски одбор за подготовка на настанот.

Од партијата оценуваат дека резултатите од последните локални избори претставуваат убедлива и историски висока победа, што ја гледаат како обврска за исполнување на ветувањата кон граѓаните.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ЦУК: Нема повредени лица и пријавени штети по невремето
Вести

Македонски државјанки се двете женски лица кои се изгубија на патот кон Дрисла, а потоа беа пронајдени

15/11/2025
Жена и дете загинаа во тешка сообраќајка на патот Крушево – Кривогаштани
Вести

Возач тешко повреден, откако избегнал удар во животно и удрил во канделабра

15/11/2025
Во крушевско 15-годишно девојче вперува пушка кон главата на својот помал брат
Вести

Во крушевско 15-годишно девојче вперува пушка кон главата на својот помал брат

15/11/2025
Се запали автобус на ЈСП
Вести

Се запали автобус на ЈСП

15/11/2025
Во Кочани се одржа Маршот на ангелите
Вести

15/11/2025
Извршена е првата трансплантација на рожници, нов исчекор на офталмологијата
Вести

Извршена е првата трансплантација на рожници, нов исчекор на офталмологијата

15/11/2025
Следна вест
Жена и дете загинаа во тешка сообраќајка на патот Крушево – Кривогаштани

Возач тешко повреден, откако избегнал удар во животно и удрил во канделабра

  • Импресум
Информации: +00 389 123 456 789

Developed by Konzoto. Hosted by Konzoto.

Нема резултати
Погледни ги сите
  • Почетна
  • Вести
  • Живот
  • Забава
  • Љубов
  • Спорт
  • Хороскоп

Developed by Konzoto. Hosted by Konzoto.