• Импресум
Friday, July 24, 2026
METRO.mk
  • Почетна
  • Вести
  • Живот
  • Забава
  • Љубов
  • Спорт
  • Хороскоп
Нема резултати
Погледни ги сите
  • Почетна
  • Вести
  • Живот
  • Забава
  • Љубов
  • Спорт
  • Хороскоп
Нема резултати
Погледни ги сите
METRO.mk
Нема резултати
Погледни ги сите

СДС со елементарно непознавање на младинските состојби во земјава, ВМРО-ДПМНЕ работи на конкретни политики и мерки, обвини Конески

24/11/2025
Време за читање: 1 минути
A A
СДС со елементарно непознавање на младинските состојби во земјава, ВМРО-ДПМНЕ работи на конкретни политики и мерки, обвини Конески

Длабоко сме трогнати и потресени од прес-конференцијата на партијата која владееше 7 години, а за само една година успеа да стане 5-та партија во Скопје. Со неизмерна тага, сведочиме на пропаста на партијата која изгуби стотици илјади гласачи, откако за личен интерес ги распродаде националните интереси и го урниса целиот систем. Жал ни е, што поделивме само 55.000 ваучери за електронски уреди, со што студентите ќе можат да користат напредни технологии, наместо да злоупотребуваат европски фондови за тренинг на магариња, соопшти денеска членот на ИК на УМС на ВМРО-ДПМНЕ Тодор Конески на прес-конференција, што МИА ја објавува интегрално.

Жал ни е, што реализираме реконструкција на сите студентски домови, наместо да ветуваме студентски град, кој 8 години тие не успеаја ни го започнат.

Жал ни е, што ќе изградиме зграда на Медицинскиот факултет во Штип, нешто што според вас е „назадување“ во однос на времето кога болниците се распаѓаа низ државата.

Жал ни е што почнавме со процес на дигитализација на универзитетите и воведување на е-индекс, и жал ни е што наскоро почнува реконструкција на спортската сала на УКИМ, како и проектите со кои младите ќе можат да купат свој дом, да основаат свое семејство или да започнат свој бизнис.

На ова ваше елементарно непознавање на младинскиот стандард и реалностите во државата, не ви замеруваме, само ви укажуваме.

Разбираме дека вашата партија нема повеќе ниту гласачи, а уште помалку млади луѓе кои се во контакт со вистинските проблеми, а можат и да понудат вистински решенија.

Додека вие инвестирате во неколку поединци во вашата младина, кои повторуваат истрошени флоскули на Филипче и на Заев и да се срамат на националните телевизии, ние инвестираме во иднината, инвестираме во конкретни политики, мерки и проекти што младите ги чувствуваат веднаш.

Ниту една смешна прес-конференција, нема да нè обесхрабри во нашата заложба да изградиме држава, во која секој еден млад човек може да просперира и да успее. Младите препознаваат работа, препознаваат квалитет и конкретна поддршка, а не празни зборови.

Заврши времето на апстрактни и нереални ветувања. Почна времето на мерливи резултати, на вистинска одговорност и на политики што го менуваат животот на младите денес, а не во нечија фантазија.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Ѓорѓиевски: Историски чекор за ЈСП, започнува обновата на возниот парк
Вести

Ѓорѓиевски: Историски чекор за ЈСП, започнува обновата на возниот парк

23/07/2026
Директорот на ФЗО Клековски: Секој кој мисли дека е оштетен при кардиолошки операции да пријави кај нас
Вести

Клековски со предупредување до гостиварци: Ризикот сè уште постои, не опуштајте се

23/07/2026
УЈП испрати известувања, Владата нуди решение за работниците во странство
Вести

Водата во Гостивар до крајот на неделата за техничка употреба, најави Мицкоски

23/07/2026
Петгодишно дете во Гостивар возело електричен тротинет – се здобило со тешки телесни повреди при удар од кола
Вести

Изречени првите 12 казни според новите правила за тротинети

23/07/2026
СДСМ ќе бира претседател на 30 јуни
Вести

СДСМ: По Гостивар и Валандово, сега и Крушево со неисправна вода

23/07/2026
Мицкоски: Од запуштен објект создадовме модерен спортски центар
Вести

Мицкоски: Од запуштен објект создадовме модерен спортски центар

23/07/2026
Следна вест
СДСМ победи во прв круг во три општини, во 20-тина оди во втор круг, кажа Венко Филипче

Се заборавија евроинтегративните црвени линии на СДСМ, можеби така е подобро

Најнови вести

Ѓорѓиевски: Историски чекор за ЈСП, започнува обновата на возниот парк

Ѓорѓиевски: Историски чекор за ЈСП, започнува обновата на возниот парк

23/07/2026
Директорот на ФЗО Клековски: Секој кој мисли дека е оштетен при кардиолошки операции да пријави кај нас

Клековски со предупредување до гостиварци: Ризикот сè уште постои, не опуштајте се

23/07/2026
УЈП испрати известувања, Владата нуди решение за работниците во странство

Водата во Гостивар до крајот на неделата за техничка употреба, најави Мицкоски

23/07/2026
Петгодишно дете во Гостивар возело електричен тротинет – се здобило со тешки телесни повреди при удар од кола

Изречени првите 12 казни според новите правила за тротинети

23/07/2026
СДСМ ќе бира претседател на 30 јуни

СДСМ: По Гостивар и Валандово, сега и Крушево со неисправна вода

23/07/2026
Мицкоски: Од запуштен објект создадовме модерен спортски центар

Мицкоски: Од запуштен објект создадовме модерен спортски центар

23/07/2026
  • Импресум
Информации: +00 389 123 456 789

Developed by Konzoto. Hosted by Konzoto.

Нема резултати
Погледни ги сите
  • Почетна
  • Вести
  • Живот
  • Забава
  • Љубов
  • Спорт
  • Хороскоп

Developed by Konzoto. Hosted by Konzoto.