Од друга страна пак црвените линии на социјалдемократите и на Венко Филипче, кои помпезно беа обзнанени пред изборите се целосно заборавени. Никој не ги споменува, никому не му се важни.
Опозицискиот предлог за премиерот Христијан Мицкоски се – итроштина и тројански коњ кој е во корист на странци. Граѓаните пак на изборите пратија јасна слика и по ова прашање каде Филипче бараше да се смени Уставот, а потоа да се види како понатака. Затоа СДСМ и скоро и да нема градоначалници. Затоа е можеби и добро што сега воопшто не се тема црвените линии на социјалдемократите.
Сега е тема како партиите здружено да покажат на ЕУ дека на Македонија и треба опипливи гаранции дека нема да добива ниви вета од кого и да му текне.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:












