Од 145 милијарди долари што САД ги потрошија за обнова на Авганистан, 83 милијарди долари отидоа за војската и полицијата
Талибанците не само што ја освоија власта, туку и американските резерви на оружје, муниција, хеликоптери и друга опрема, наведува АП
Авганистанските безбедносни сили, иако обучувани и опремувани две децении, во кои беа инвестирани 83 милијарди долари, капитулираа толку брзо и целосно, некаде без ниту еден истрел, што покажува дека главните добитници од американските инвестиции се талибанците, проценува АП во својата анализа.
Не само што ја освоија власта, туку и американските резерви на оружје, муниција, хеликоптери и друга опрема, наведува американска агенција.
Американски воен претставник потврди во понеделникот дека талибанците добиле огромна количина воена опрема што САД му ја испратија на Авганистан, што, според агенцијата АП, е последица на лошата процена на силата на авганистанската армија, како и на пропусти на американската војска и на разузнавачките служби.