• Импресум
Thursday, July 16, 2026
METRO.mk
  • Почетна
  • Вести
  • Живот
  • Забава
  • Љубов
  • Спорт
  • Хороскоп
Нема резултати
Погледни ги сите
  • Почетна
  • Вести
  • Живот
  • Забава
  • Љубов
  • Спорт
  • Хороскоп
Нема резултати
Погледни ги сите
METRO.mk
Нема резултати
Погледни ги сите

Пуштена во употреба обиколницата во Крива Паланка – дел од развојот на Коридор 8

01/03/2026
A A
Пуштена во употреба обиколницата во Крива Паланка – дел од развојот на Коридор 8

Со изградбата на експресниот пат Страцин – Крива Паланка, реконструкцијата на обиколницата во Крива Паланка и модернизацијата на граничниот премин Деве Баир, целосно се развива источниот крак на Коридор 8, истакна вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски, кој заедно со премиерот Христијан Мицкоски и директорот на ЈП за државни патишта Коце Трајановски ја пуштија во употреба реконструираната обиколница во Крива Паланка.

Проектот, вреден 1,2 милиони евра, е дел од инфраструктурните активности на Коридор 8 и опфаќа целосна рехабилитација на делница долга 4,5 километри.

Николоски нагласи дека станува збор за проект реализиран во предвидениот рок и пример за одговорна реализација на капитални инвестиции. Според него, обиколницата не претставува само локално сообраќајно решение, туку важна врска со Република Бугарија и значаен сегмент од Коридор 8. Тој потсети дека минатиот јануари беше пуштен во употреба експресниот пат Крива Паланка – Страцин, а во тек е и модернизацијата и проширувањето на граничниот премин Деве Баир.

Првата фаза од реконструкцијата на граничниот премин, која опфаќа обнова на постојните објекти, се очекува да заврши до јуни, по што ќе следува втората фаза со проширување на капацитетите. Со модернизиран премин, нова обиколница и експресен пат, според Николоски, значително се унапредува источниот дел од Коридор 8.

Тој додаде дека во соработка со Европската Унија, во рамки на Планот за раст, се разгледуваат решенија за модернизација на патниот правец Страцин – Романовце, односно до Куманово. Во однос на железничкото поврзување, Николоски информира дека започнати се интензивни активности за железничка врска меѓу Крива Паланка, Скопје и Софија, вклучително и договорот со Бугарија за изградба на прекуграничен тунел.

И покрај наследените проблеми со изведувачот на втората фаза, работите напредуваат, а целта е Крива Паланка да се поврзе со Бељаковце и да се воспостави редовна железничка линија до Скопје.

Премиерот Христијан Мицкоски изјави дека во наредниот период во источниот регион се очекуваат инвестиции вредни неколку стотици милиони евра, особено во железничката инфраструктура, граничниот премин и патната мрежа. Тој оцени дека ваквите вложувања ќе придонесат за економски развој и ќе ги мотивираат граѓаните да останат или да се вратат во регионот.

Директорот на ЈП за државни патишта Коце Трајановски посочи дека реконструираната обиколница е изведена согласно сите современи стандарди.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Инспекциски контроли открија поголем раст на продажните отколку на набавните цени
Вести

Инспекциски контроли открија поголем раст на продажните отколку на набавните цени

16/07/2026
Спасен холандски турист во Охрид, однесен во болница со скршеница на нога
Вести

Охрид на чекор од „црвената листа“ на УНЕСКО поради дивоградби и загадување

16/07/2026
По мечот постојат милиони „тренери“ и сите знаат подобро, кажа Тухел по елиминацијата на Англија
Спорт

По мечот постојат милиони „тренери“ и сите знаат подобро, кажа Тухел по елиминацијата на Англија

16/07/2026
(ВИДЕО) Прва скопска ТВ: Водата во Скопје безбедна за пиење
Вести

Планирани прекини: Еве каде нема да има струја и вода

16/07/2026
Седници на три собраниски комисии
Вести

Законите за високото образование и студентскиот стандард пред Собранието

16/07/2026
Македонскиот амбасадор во Албанија утре на средба ќе му поднесе извештај на министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски за контроверзниот попис што македонската заедница го отфрли како демографски инженеринг преку надворешно влијание
Вести

Над шеесет држави на безбедносен самит во САД, присуствува и Муцунски

16/07/2026
Следна вест
Катарскиот фудбалски сојуз ги одложи мечевите поради конфликтот на Блискиот Исток

Катарскиот фудбалски сојуз ги одложи мечевите поради конфликтот на Блискиот Исток

Најнови вести

Инспекциски контроли открија поголем раст на продажните отколку на набавните цени

Инспекциски контроли открија поголем раст на продажните отколку на набавните цени

16/07/2026
Спасен холандски турист во Охрид, однесен во болница со скршеница на нога

Охрид на чекор од „црвената листа“ на УНЕСКО поради дивоградби и загадување

16/07/2026
По мечот постојат милиони „тренери“ и сите знаат подобро, кажа Тухел по елиминацијата на Англија

По мечот постојат милиони „тренери“ и сите знаат подобро, кажа Тухел по елиминацијата на Англија

16/07/2026
(ВИДЕО) Прва скопска ТВ: Водата во Скопје безбедна за пиење

Планирани прекини: Еве каде нема да има струја и вода

16/07/2026
Седници на три собраниски комисии

Законите за високото образование и студентскиот стандард пред Собранието

16/07/2026
Македонскиот амбасадор во Албанија утре на средба ќе му поднесе извештај на министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски за контроверзниот попис што македонската заедница го отфрли како демографски инженеринг преку надворешно влијание

Над шеесет држави на безбедносен самит во САД, присуствува и Муцунски

16/07/2026
  • Импресум
Информации: +00 389 123 456 789

Developed by Konzoto. Hosted by Konzoto.

Нема резултати
Погледни ги сите
  • Почетна
  • Вести
  • Живот
  • Забава
  • Љубов
  • Спорт
  • Хороскоп

Developed by Konzoto. Hosted by Konzoto.