Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски, кој престојува во работна посета на САД, соопшти дека се отворени нови можности за продлабочување на партнерството со Светска банка во насока на поддршка на клучни развојни проекти во Македонија.
Во објава на социјалните мрежи, Николоски истакна дека на средбите на високо ниво со претставници на Светска банка во Вашингтон се разговарало за инвестиции во инфраструктурата, транспортот и зајакнување на економијата во земјата.
Тој посочи дека биле презентирани плановите за реализација на стратешките коридори 8 и 10, како и можностите за модернизација на железничката инфраструктура во државата.
Николоски најави и нови проекти наменети за општините, со цел поттикнување на локалниот економски развој и подобрување на квалитетот на живот на граѓаните.
Според него, продлабочувањето на соработката со Светска банка може да придонесе за долгорочен економски раст и зголемување на конкурентноста на македонската економија.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:












