Германија има предност од 3-1 по првото полувреме од натпреварот против дебитантот Курасао на Светското првенство.
Германците ја оправдаа фаворитската улога уште во првите 45 минути. Во листата на стрелци се запишаа Феликс Нмеча и Нико Шлотербек, двајцата фудбалери на Борусија Дортмунд, додека третиот гол падна од пенал што го изнуди Нмеча, а сигурен реализатор беше Каи Хаверц.
Сепак, најголемо внимание привлече историскиот погодок на Курасао. Дваесет и двегодишниот Ливано Комененсија, кој настапува за Цирих, го постигна првиот гол за оваа селекција на светските првенства и предизвика воодушевување кај своите навивачи.
Натпреварот донесе и неколку значајни рекорди. Селекторот на Курасао, Дик Адвокат, со 78 години и 260 дена стана највозрасниот тренер што водел репрезентација на Светско првенство.
Од германска страна, искусниот Мануел Нојер настапува на својот петти последователен Мундијал. Со 40 години тој стана највозрасниот германски фудбалер кој заиграл на Светско првенство, надминувајќи го досегашниот рекорд на Лотар Матеус.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:












