Седумнаесетгодишната Флоринда Зекировски се води како исчезната од 11 јуни, откако утрото околу 8 часот ѝ се губи секаква трага во германскиот град Корнвестхајм, во близина на Штутгарт.
Според информациите објавени од нејзиното семејство, Флоринда последен пат била видена кога заминувала на работа во локална градинка во Корнвестхајм. Од тој момент нема никакви информации за нејзиното движење или местоположба.
Семејството соопштува дека последниот активен сигнал од нејзиниот мобилен телефон бил регистриран во градот Тибинген, по што телефонот повеќе не бил достапен.
Во моментот на исчезнувањето, девојката била облечена во бела јакна и црни фармерки, а со себе носела сива торба.
Случајот веднаш бил пријавен во германската полиција, која презема интензивни активности за нејзино пронаоѓање и утврдување на сите околности поврзани со исчезнувањето. Во меѓувреме, потрагата ја продолжуваат и членовите на семејството, како и нивните пријатели и познаници.
Од семејството упатуваат апел до сите граѓани кои можеби ја виделе Флоринда или располагаат со каква било информација што би можела да помогне во нејзиното пронаоѓање, веднаш да се јават на телефонскиот број: +49 176 41256860.
Секоја информација, дури и онаа што на прв поглед изгледа незначителна, може да биде од голема важност за пронаоѓањето на исчезнатата девојка.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:












