• Импресум
Thursday, August 6, 2026
METRO.mk
  • Почетна
  • Вести
  • Живот
  • Забава
  • Љубов
  • Спорт
  • Хороскоп
Нема резултати
Погледни ги сите
  • Почетна
  • Вести
  • Живот
  • Забава
  • Љубов
  • Спорт
  • Хороскоп
Нема резултати
Погледни ги сите
METRO.mk
Нема резултати
Погледни ги сите

Томас Вајц: Не треба да ја губиме мотивацијата на Македонија на европскиот пат

16/06/2026
A A
Томас Вајц: Не треба да ја губиме мотивацијата на Македонија на европскиот пат

Известувачот за Македонија во Европскиот парламент, Томас Вајц, за време на дебатата посветена на европската перспектива на земјите од Западен Балкан, оцени дека земјава покажала значителен напредок и спровела важни реформи кои заслужуваат соодветно признание од Европската Унија.

Според Вајц, реформските процеси во Македонија се видливи, а позитивните резултати треба да бидат наградени преку конкретни чекори кон подлабока интеграција со Унијата.

„Многу земји од регионот, а особено Република Северна Македонија, покажаа напредок и спроведоа реформи. Тоа е јасно видливо и мора да биде препознаено. Важно е да не се изгуби мотивацијата кај граѓаните и институциите кои работат на европскиот пат“, истакна Вајц.

Тој посочи дека една од можностите е постепено интегрирање на земјата во европскиот пазар и во заедничкиот роаминг простор, како дополнителен поттик за реформските процеси.

Во своето обраќање Вајц нагласи дека прашањата поврзани со идентитетот долго време претставуваат чувствителна тема на Балканот и предупреди дека регионот не смее повторно да западне во поделби и етнички тензии.

„Многу е важно да се поддржи секоја земја што покажува напредок и гради добрососедски односи. Не ни е потребен регион оптоварен со нови етнички проблеми и поделби“, порача европратеникот.

Неговите изјави предизвикаа реакции кај дел од бугарските европратеници, особено по коментарите поврзани со историските прашања и идентитетот. Вајц нагласи дека никогаш не би си дозволил да го доведува во прашање идентитетот на која било соседна држава и повика на заемно почитување како основа за добрососедски односи.

Дополнително, тој предложи амандман со кој би се избришал параграфот 73 од извештајот за Македонија. Во тој дел од документот се споменува Вториот протокол од Договорот за добрососедство меѓу Македонија и Бугарија и се бараат конкретни резултати од работата на Заедничката историска комисија.

Доколку амандманот биде прифатен, спорниот дел нема да биде вклучен во конечната верзија на извештајот што треба да се најде пред европратениците на пленарната седница на Европскиот парламент закажана за 6 јули.

Во исто време, останува непроменет друг дел од извештајот во кој се нагласува значењето на работата на историската комисија, но и ставот дека историските толкувања не претставуваат формален критериум за членство во Европската Унија.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Николоски: Можно е да се воведе градски воз во Скопје
Вести

Николоски: Директната линија Женева – Скопје е отворена по барање на дијаспората

06/08/2026
Трамп: Сакам повторно да се кандидирам, но веројатно нема да го сторам тоа
Вести

Нов дипломатски судир меѓу Вашингтон и Бразил по спорот со визите

06/08/2026
Горештините се враќаат, утре до 36 степени
Вести

Сончево и многу топло време, попладне можен дожд и грмежи во планините

06/08/2026
Мицкоски: Новата авиолинија Скопје – Будимпешта носи економски и туристички бенефити
Вести

Владата потпишува договори со ЕУ, ЕИБ и ЕБОР за Коридорот 8

06/08/2026
Претрес во Прилеп, пронајдена дрога, приведена прилепчанка
Вести

Полицијата заплени стотици таблети во домот на 30-годишен кумановец

05/08/2026
Што ќе се случи ако го изберат за Претседател: Трамп не може да влезе во 37 земји во светот
Вести

Трамп се закани: Ормуската Теснина ќе биде отворена многу брзо

05/08/2026
Следна вест
Од Силекс во Казахстан: Додев договори трансфер во Алтаи

Од Силекс во Казахстан: Додев договори трансфер во Алтаи

Најнови вести

Николоски: Можно е да се воведе градски воз во Скопје

Николоски: Директната линија Женева – Скопје е отворена по барање на дијаспората

06/08/2026
Трамп: Сакам повторно да се кандидирам, но веројатно нема да го сторам тоа

Нов дипломатски судир меѓу Вашингтон и Бразил по спорот со визите

06/08/2026
Горештините се враќаат, утре до 36 степени

Сончево и многу топло време, попладне можен дожд и грмежи во планините

06/08/2026
Мицкоски: Новата авиолинија Скопје – Будимпешта носи економски и туристички бенефити

Владата потпишува договори со ЕУ, ЕИБ и ЕБОР за Коридорот 8

06/08/2026
Претрес во Прилеп, пронајдена дрога, приведена прилепчанка

Полицијата заплени стотици таблети во домот на 30-годишен кумановец

05/08/2026
Што ќе се случи ако го изберат за Претседател: Трамп не може да влезе во 37 земји во светот

Трамп се закани: Ормуската Теснина ќе биде отворена многу брзо

05/08/2026
  • Импресум
Информации: +00 389 123 456 789

Developed by Konzoto. Hosted by Konzoto.

Нема резултати
Погледни ги сите
  • Почетна
  • Вести
  • Живот
  • Забава
  • Љубов
  • Спорт
  • Хороскоп

Developed by Konzoto. Hosted by Konzoto.