Вардар попладнево ќе го одигра реваншот против летонска Рига во второто квалификациско коло од Конференциската лига, во обид да избори пласман во следната рунда од натпреварувањето.
По елиминацијата од квалификациите за Лигата на шампионите, македонскиот шампион го продолжи европскиот настап во Конференциската лига, но пред себе има тешка задача. „Црвено-црните“ ќе бркаат негатива од еден гол, откако првиот натпревар во Скопје го загубија со 3-2.
Тренерот Кристијан Фабијани очекува неговиот тим да прикаже поквалитетно издание во однос на претходните натпревари и нагласува дека клучот ќе биде во дисциплинираната и трпелива игра.
„Тактички мора уште повеќе да се подобриме од претходните натпревари, да ги намалиме грешките, а притисокот ќе биде повеќе врз домаќинот Рига. Мора да играме трпеливо, тактички да бидеме перфектни и со што е можно помалку грешки во сите линии. Сите играчи кои допатуваа со нас конкурираат за настап“, изјави Фабијани.
Во составот на Вардар нема да бидат Хоакин Торес и Бобан Николов, додека останатите фудбалери се во комбинација за настап.
Реваншот меѓу Рига и Вардар се игра вечерва со почеток од 19 часот, а македонскиот претставник ќе се обиде да ја надомести негативата и да обезбеди место во следното квалификациско коло од Конференциската лига.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:












