Клиниката за радиотерапија и онкологија денеска извести дека кај мал дел од препаратите кои се наоѓаат на позитивната листа на Фондот за здравствено осигурување имало краткотрајно доцнење во испораката, како последица на повеќе објективни околности, меѓу кои зголемената потрошувачка, зголемениот број пациенти, периодот меѓу две јавни набавки, како и делумниот недостиг кај дистрибутерите.
-Најголемиот дел од потребните препарати веќе се обезбедени и доставени на Клиниката, додека преостанатите количини се очекува да бидат достапни во текот на оваа недела, соопшти Клиниката и нагласи дека останува доследно посветена на својата основна мисија — обезбедување навремена, континуирана и квалитетна здравствена заштита.












