Либерално-демократската партија (ЛДП) изрази целосна поддршка за онколошките пациенти кои утре ќе протестираат пред Министерството за здравство.
-За секој ден без терапија некој мора да одговара. Не може секојпат кога ќе се испразнат залихите виновник да нема, а последиците секогаш да ги трпат пациентите – реагира ЛДП.
Опозициската партија бара итно обезбедување на целата неопходна терапија, целосна јавна информација за причините за недостигот, утврдување лична и политичка одговорност за институционалниот пропуст и план со кој ќе се гарантира дека оваa ситуација нема да се повтори.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:












