Кај осуденик во Казнено-поправната установа „Идризово“ биле пронајдени 27 пакувања со марихуана, информира Министерството за внатрешни работи.
Според полицискиот билтен, вчера во 15:10 часот во СВР Скопје било пријавено дека околу 13:10 часот, при извршен претрес во затворот, кај осуденикот З.И. (29) од Скопје била пронајдена и одземена дрогата.
Од МВР посочуваат дека по целосно документирање на случајот ќе следува соодветна пријава против лицето.
Надлежните институции продолжуваат со активностите за спречување на внесување и нелегално поседување наркотични средства во казнено-поправните установи.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:












