• Импресум
Sunday, May 31, 2026
METRO.mk
  • Почетна
  • Вести
  • Живот
  • Забава
  • Љубов
  • Спорт
  • Хороскоп
Нема резултати
Погледни ги сите
  • Почетна
  • Вести
  • Живот
  • Забава
  • Љубов
  • Спорт
  • Хороскоп
Нема резултати
Погледни ги сите
METRO.mk
Нема резултати
Погледни ги сите

Се готви ли мировен план од 15 точки во Украина или оружјето ќе биде погласно?

17/03/2022
A A
Нова рунда преговори во Украина, но и нова рунда бомбардирања

По 22 дена од упадот на руските сили во Украина се уште се бара начин воените дејствија да престанат. И покрај повеќе одржани преговори меѓу претставниците на Украина и Русија за сега оружјето е погласно.

Претседателот на Украина Володимир Зеленски објави ново обраќање на Фејсбук во кое рече дека неговите приоритети и приоритетите на Украина во преговорите се апсолутно јасни – крај на војната.

– Моите приоритети во преговорите се апсолутно јасни. Крај на војната, гаранции за безбедност, суверенитет, враќање на територијалниот интегритет, реални гаранции за нашата држава, вистинска заштита на нашата држава, потенцира Зеленски.

Од друга страна, рускиот претседател, Владимир Путин вчера изјави дека неговата воена кампања во Украина е успешна и нема да дозволи таа држава да биде „отскочна даска“ што би користела како закана кон Москва.

– Операцијата се одвива успешно и во строга согласност со плановите, истакна Путин за време на владин состанок.

Тој додаде дека Русија нема друг избор освен да испрати војници, „нема да дозволиме Украина да служи како отскочна даска за агресивни дејствија против Русија“.

– Ако Западот мисли дека Русија ќе се повлече, тогаш не ја разбира Русија, нагласи тој.

Британски весник „Фајненшл тајмс“, повикувајќи се на три лица вклучени во преговори обајави дека е постигнат напредок во преговорите и дека се прави рамковен мировен план од 15 точки. Тој план вклучува прекин на огнот и повлекување на Русија доколку Киев прогласи неутралност и прифати ограничувања на своите вооружени сили.

Во меѓувреме, на теренот продолжуваат воените дејствија. Градоначалникот на украинскиот град Мариупол Вадим Бојченко вчера изјави дека повеќе од 1.000 луѓе биле во театарот во опколениот украински град и кој бил цел на руско бомбардирање. Тој ја објави информацијата на својот канал на Телеграм рано утринава, нарекувајќи го инцидентот „уште една трагедија“.

Руските сили го ослободија градоначалникот на градот Мелитопол, кого го заробија минатата недела, соопшти денеска шефот на кабинетот на претседателот Володимир Зеленски, Андриј Јермак. Според властите тој бил разменет за деветмина руски војници, заробени во Украина.

Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова изјави дека Русија официјално го напуштила Советот на Европа, бидејќи не сакала да биде „вреќа за удирање“. Захарова воедно оцени дека земјите кои испорачуваат оружје на Украина, вклучувајќи го и планот на Словачка, си создаваат проблеми.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Како да го подобрите Wi-Fi сигналот во домот и да ги елиминирате „мртвите зони“
Вести

Како да го подобрите Wi-Fi сигналот во домот и да ги елиминирате „мртвите зони“

30/05/2026
Земјотрес утринава ја стресе и Македонија
Вести

Земјотрес во БиХ, експертите ја следат состојбата

30/05/2026
ПСЖ ја одбрани титулата во Лигата на шампионите по пенал-драма против Арсенал
Вести

ПСЖ ја одбрани титулата во Лигата на шампионите по пенал-драма против Арсенал

30/05/2026
Кој стигне ги победува, Ливерпул пак загуби
Вести

Шок на „Енфилд“: Слот си заминува по тешка сезона

30/05/2026
Контролен пораз за младата репрезентација против Бугарија
Вести

Контролен пораз за младата репрезентација против Бугарија

30/05/2026
Бараж-драма: Еуромилк и Камењане слават, Саса и Победа испаднаа
Вести

Бараж-драма: Еуромилк и Камењане слават, Саса и Победа испаднаа

30/05/2026
Следна вест
Авионот со кој Лавров тргнал кон Пекинг е вратен назад

Авионот со кој Лавров тргнал кон Пекинг е вратен назад

Најнови вести

Како да го подобрите Wi-Fi сигналот во домот и да ги елиминирате „мртвите зони“

Како да го подобрите Wi-Fi сигналот во домот и да ги елиминирате „мртвите зони“

30/05/2026
Земјотрес утринава ја стресе и Македонија

Земјотрес во БиХ, експертите ја следат состојбата

30/05/2026
ПСЖ ја одбрани титулата во Лигата на шампионите по пенал-драма против Арсенал

ПСЖ ја одбрани титулата во Лигата на шампионите по пенал-драма против Арсенал

30/05/2026
Кој стигне ги победува, Ливерпул пак загуби

Шок на „Енфилд“: Слот си заминува по тешка сезона

30/05/2026
Контролен пораз за младата репрезентација против Бугарија

Контролен пораз за младата репрезентација против Бугарија

30/05/2026
Бараж-драма: Еуромилк и Камењане слават, Саса и Победа испаднаа

Бараж-драма: Еуромилк и Камењане слават, Саса и Победа испаднаа

30/05/2026
  • Импресум
Информации: +00 389 123 456 789

Developed by Konzoto. Hosted by Konzoto.

Нема резултати
Погледни ги сите
  • Почетна
  • Вести
  • Живот
  • Забава
  • Љубов
  • Спорт
  • Хороскоп

Developed by Konzoto. Hosted by Konzoto.