• Импресум
Saturday, April 18, 2026
METRO.mk
  • Почетна
  • Вести
  • Живот
  • Забава
  • Љубов
  • Спорт
  • Хороскоп
Нема резултати
Погледни ги сите
  • Почетна
  • Вести
  • Живот
  • Забава
  • Љубов
  • Спорт
  • Хороскоп
Нема резултати
Погледни ги сите
METRO.mk
Нема резултати
Погледни ги сите

Во името на европската иднина – ќе распишат ли избори СДСМ и ДУИ доколку не минат уставните измени?!

18/08/2023
Време за читање: 1 минути
A A
Во името на европската иднина – ќе распишат ли избори СДСМ и ДУИ доколку не минат уставните измени?!

Власта на социјалдемократите и интегративците тврдоглаво ги туркаат уставните измени во парламентот, иако во моментов е јасно дека не располагаат со неопходното за тоа двотретинско мнозинство, но прашање е дали владејачките партии ќе имаат доблест да го признаат поразот.

Денеска во македонскиот парламент започнува дебатата за уставните измени, пред која пратениците од власта и опозицијата остануваат. Според владејачката СДСМ, денешната седница ќе покаже дали опозициската ВМРО-ДПМНЕ е за или против Европската унија. Измените на Уставот, тврдат социјалдемократите, се неопходни за прподолжувањето на евроинтегративниот процес и отворањето на поглавјата од процесот на преговори.

„Седницата е последна можност, да покаже Мицкоски дали избрал интеграција во ЕУ или е за изолација, седнат во скутот на Левица. Доколку ја одбере Левица и анти-европскиот блок Мицкоски отворено застанува против Македонија, против врвните национални и државни интереси на македонската држава-членство во ЕУ“, велат од СДСМ.

Во нивниот коалициски партнер ДУИ сметаат дека денешната седница е „одлучувачка“ за европската иднина на државата и апелираат до сите пратеници „да размислат за важноста на нивната историска улога“.

„Овој историски момент не треба и не можеме да го изгубиме“, изјави пратеничката Арта Зендели пред почетокот на собраниската седница.

Во опозициската ВМРО-ДПМНЕ, пак, тврдокорно остануваат на ставот да не дадат поддршка за уставните измени.

„НЕ за уставни измени! Македонскиот народ има своја засебна историја, култура и свој македонски јазик, а Македонија јасен државно – политички континуитет. Македонија е реализација на желбите за независна држава на вековните копнежи и борби на Македонците! Затоа ниедна наметната власт, ниедна сила и притисок не може да не натераат да се избришеме“, објави непосредно пред почетокот на „судбоносната“ седница, потпретседателот на партијата Александар Николоски.

Претседателот на довчерашниот коалициски партнер на социјалдеморкатите – Демократскиот сојуз, Павле Трајанов, очекува брзо да заврши пленарната седница, како и дека нема да го има мнозинството за уставните измени.

„Очекувам за многу брзо да заврши седницата и да не се гласа се до новиот парламентарен состав. Денеска седницата ќе заврши многу брзо и нема да има мнозинство за да се донесат промените за Уставот и ќе се развлекува тоа. Така да, тоа е засега мојата проценка, изјави Трајанов пред почетокот на седницата.

Од Алтернатива сметаат дека седницата нема да заврши денеска и дека овој процес ќе потрае, додека независниот пратеник Скендер Реџепи во изјава за медиумите дадена пред почетокот на сендицата рече дека нема можности за уставни измени.

Но јасно е дека власта во моментов не може да ја профункционира „веселата математика“, како во случајот на ткн Договор од Нивици со Грција кога ја прекрсти државата, и да ги обезбеди неопходните 80 гласови. Според нивните пресметки им недостигаат уште „само“ шест гласови, кои се чини не успеаја да ги обезбедат ниту со силниот притисок извршен од претставниците на меѓународната заедница кои како на фабричка лента се редеа во земјата.

Притоа, плашањето на македонските граѓани со наводно запирање на евроинтеграциските процеси, опасности од некакво си руско влијание, дека земјата ќе останела надвор од демократскиот свет, очигледно немаа ефект врз граѓаните. Тоа најдецидно го покажуваат бројните анкети објавени последниот период во кои довербата во опозициската ВМРО-ДПМНЕ бележи перманентен раст.

Тие истражувања покажуваат дека повеќето од граѓаните, а не не само Македонците, имаат цврст и недвосмислен став по ова прашање за уставните измени – дека не е евроинтегративно прашање, туку е наметнато прашање кое го доживуваат како брутален бугарски диктат.

А зошто е тоа така? Зошто власта не може да ја стекне довербата на граѓаните? Од една страна, затоа што македонските граѓани, односно гласачите од мнозинскиот македонски дел од електоратот, сосема разбирливо – како и секој друг народ – се исклучително чувствителни по прашањата од национален карактер и самобитност, кои токму договорот на СДСМ и ДУИ со Софија ги негира.

И тука не помага никакво цртање на табли и други навредувања на интелигенцијата на граѓаните. Многу тие знаат дека она што е главната пречка на патот на Македонија во ЕУ се неостварените ветување на власта во изминатите седум години – зголеменото ниво на корупцијата по сета должина и ширина на јавната администрација до самите врвови на власта, неефикасен и корумпиран правосуден систем, сиромаштијата…., се чини доволно е.

Така, СДСМ и ДУИ, од никого не терани, на ниво на егзистенција на државата ги поставија прашањето на уставните измени со кои Бугарите треба покрај другите да влезат во македонскиот Устав, во прв ред по инсистирање на Софија и прифатениот во Брисел таканаречен „француски предлог“. И доколку е така, неговото неизгласување секако треба да се доживее како голем неуспех на власта. Следствено, власта доколку има и малку доблест и политичка одговорност кон граѓаните и државата, при таков епилог мора веднаш да побара да го потврди својот легитмитет на избори. А потоа, државата со нови сили и концепт да тргне во вистинското приближување до стандардите на ЕУ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Нов удар врз Техеран – ликвидиран важен командант
Вести

Нов удар врз Техеран – ликвидиран важен командант

02/04/2026
Општина Битола: Секое дете е уникатно парче од сложувалката на општеството
Вести

Општина Битола: Секое дете е уникатно парче од сложувалката на општеството

02/04/2026
Проданоски: Старо Лагово ќе стане центар на спорт, забава и адреналин
Вести

Проданоски: Времето на неодговорност во Општина Прилеп завршува

02/04/2026
Алкалоид, Комерцијална банка и Макпетрол со најголема активност
Вести

Вкупен промет од 21,52 милиони денари, позитивна сесија со раст кај банкарските акции и Алкалоид

02/04/2026
Одбележани 161 година од раѓањето на Ѓорче Петров со свечености во Прилеп
Вести

Одбележани 161 година од раѓањето на Ѓорче Петров со свечености во Прилеп

02/04/2026
Владата го усвои Планот за праведна транзиција за 2026 година
Вести

Божиновска: Историска енергетска конекција – Македонија и Албанија ја заокружуваат енергетската мапа со 400 kV далекувод“

02/04/2026
Следна вест
Се разведуваат Бритни Спирс и Сем Ашгари

Се разведуваат Бритни Спирс и Сем Ашгари

Најнови вести

Нов удар врз Техеран – ликвидиран важен командант

Нов удар врз Техеран – ликвидиран важен командант

02/04/2026
Општина Битола: Секое дете е уникатно парче од сложувалката на општеството

Општина Битола: Секое дете е уникатно парче од сложувалката на општеството

02/04/2026
Проданоски: Старо Лагово ќе стане центар на спорт, забава и адреналин

Проданоски: Времето на неодговорност во Општина Прилеп завршува

02/04/2026
Алкалоид, Комерцијална банка и Макпетрол со најголема активност

Вкупен промет од 21,52 милиони денари, позитивна сесија со раст кај банкарските акции и Алкалоид

02/04/2026
Одбележани 161 година од раѓањето на Ѓорче Петров со свечености во Прилеп

Одбележани 161 година од раѓањето на Ѓорче Петров со свечености во Прилеп

02/04/2026
Владата го усвои Планот за праведна транзиција за 2026 година

Божиновска: Историска енергетска конекција – Македонија и Албанија ја заокружуваат енергетската мапа со 400 kV далекувод“

02/04/2026
  • Импресум
Информации: +00 389 123 456 789

Developed by Konzoto. Hosted by Konzoto.

Нема резултати
Погледни ги сите
  • Почетна
  • Вести
  • Живот
  • Забава
  • Љубов
  • Спорт
  • Хороскоп

Developed by Konzoto. Hosted by Konzoto.