Сообраќајот на државните патишта во земјава се одвива непречено и по суви коловози, информира Автомотосојуз на Македонија.
Според информациите на Автомотосојуз на Македонија, интензитетот на сообраќајот на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
Од АМСМ апелираат возачите да се движат со приспособена брзина, да ја почитуваат поставената сообраќајна сигнализација и внимателно да управуваат со возилата, особено на патиштата што минуваат низ котлини, речни долини и клисури, каде што постои можност од појава на одрони.
Како покритични се посочуваат делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.










