Премиерот Христијан Мицкоски сподели семејно селфи по повод празникот Бадник. На фотографијата може да се забележи дека бадниковата паричка му се паднала на неговиот помал син.
Мицкоски и годинава Бадник го дочека во семеен круг, заедно со сопругата, двете деца и неговите родители, почитувајќи ја традицијата.
„На традиционална бадникова вечера со моите најблиски. Ова се празници на љубов, дарување и почитување. Честит Бадник. За многу години“, напиша премиерот во објавата на Фејсбук.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:












