Регулаторна комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад соопшти дека од утре стапуваат на сила повисоки цени на бензините и дизелот. Согласно новата одлука, цените на бензините Еуросупер 95 и Еуросупер 98, како и на екстра лесното масло за домаќинство, се зголемуваат за 1,50 денари по литар, додека цената на Еуродизелот расте за два денари по литар.
Со оваа корекција, Еуросупер 95 ќе се продава по цена од 72 денари за литар, Еуросупер 98 ќе чини 74 денари, а Еуродизелот 66,50 денари по литар. Малопродажната цена на мазутот се зголемува за 0,854 денари по килограм и ќе изнесува 32,987 денари за килограм.
Од РКЕ информираат дека референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар бележат пораст во споредба со претходната пресметка. Кај бензините зголемувањето во просек изнесува 4,109 проценти, кај дизелот 5,194 проценти, кај екстра лесното масло 4,462 проценти, а кај мазутот 3,846 проценти. Дополнително, курсот на денарот во однос на американскиот долар е повисок за 0,2303 проценти во периодот за кој се вршела пресметката.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:












