Бездомник од главната станица во Амстердам вратил паричник кој патник го заборавил во возот со околу две илјади евра, соопшти локалната полиција, а за тоа го наградила.
Хаџер Ал-Али, 33-годишен маж кој е бездомник 18 месеци, го пронашол паричникот додека барал пластични шишиња за кои може да биде надомест.
Во паричникот имало „околу две илјади евра, но за жал немало лични документи или начин како да се контактира неговиот сопственик“, соопшти полицијата.
„Затоа што веруваме дека чесноста се исплати“, Ал-Али доби признание во форма на сребрена статуетка со палец и подарок од 50 евра, објавија властите.
Доколку никој не се јави за паричникот во рок од една година, парите ќе му бидат дадени на тој што ќе најде.
„Не е важно што ќе најдам, секогаш го враќам назад“, рекол Ал-Али во видео споделено од локалниот медиум De Stentor.
„Можеби сопственикот има фирма каде што може да ми обезбеди работа или сместување каде што би можел да живеам. Никогаш не се знае“, додал тој.