Во однос на испораката на топлинска енергија во системот за централно греење во Скопје, како што кажа претседателот на РКЕ, загрижува тоа што ТЕ-ТО во мрежата испорачува помалку од она што е предвидено. Во контекст на ова прашање тој посочи дека топловодот под мостот „Беласица“, кој лани беше оштетен во пожар, нема влијание на работата на когенеративната централа ТЕ-ТО
Во ниту еден случај нема да дојде до поскапување на цената на топлинската енергија за домаќинствата, изјави денеска на прес-конференција претседателот на Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ), Марко Бислимоски, додавајќи дека единствено што е можно таа се намали, што ќе зависи од тоа дали ќе биде субвенционирана или не.
Претседателот на Регулаторната комисија за енергетика Марко Бислимоски на денешната прес-конференција / Фото: Принтскрин
Првиот човек на РКЕ порача дека Комисијата ќе ги преземе сите механизми за да имаме стабилна ситуација со цената на топлинската енергија имајќи ги предвид, како што додаде, цените на природниот гас на берзите во Европа.
„Во текот на јули вообичаено ние ќе ја донесеме таа одлука. Можевме и сега да носиме популистичка одлука, кога ја намаливме цената за недомаќинствата, но се решивме да им се помогне пред сè на овие потрошувачи кои во текот на енергетската криза ниту еднаш не беа субвенционирани“,
рече Бислимоски одговарајќи на новинарско прашање на денешната прес-конференција.
Имено, тој потсети на неодамнешната одлука на РКЕ за 35 отсто да ја намали цената на парното за фирмите, основните училишта, градинките и малите дуќани кои се приклучени на системот за топлинска енергија во градот Скопје.
Фирмите во Скопје ќе плаќаат за 35 отсто пониски сметки за парно, одлучи Регулаторна
Во наредниот период, рече Бислимоски, ќе ја следат цената на природниот гас и ќе видат како таа ќе се одрази на одлуките што РКЕ ќе го носи понатаму.
Во однос на испораката на топлинска енергија во системот за централно греење во Скопје, како што кажа претседателот на РКЕ, загрижува тоа што ТЕ-ТО во мрежата испорачува помалку од она што е предвидено.
„Загрижува фактот што ТЕ-ТО дава нешто помалку од тоа што сме го предвиделе да го дава во мрежата, но понатака како ќе проаѓа времето ќе анализираме, ќе имаме состаноци со ТЕ-ТО и со ‘ЕСМ дистрибуција на топлинска енергија’ да видиме што било причината за тоа“, рече Бислимоски.