Повикувајќи се на статистиката според бројот на издадени патни исправи, Тошковски вели дека во февруари бројот на изработени и подигнати пасоши е енормно зголемен во однос на претходните месеци, а тоа, како што оцени, е резултат на целосната реогранизација направена во овој поглед.
Дополнителниот заменик-министер за внатрешни работи Митко Бојмацалиев од редовите на СДСМ објави дека до внатрешната контрола во МВР поднел барање да се истражи случајот со платени, а сè уште неиздадени готови пасоши. Вели дека внатрешната контрола од утринава е влезена во управните служби и постапува по случајот.
„Недозволиво е граѓаните да платат и готовите пасоши да не им се издадат. Истрагата предвидува да се провери дали целата процедура е запазена, ако не е, во кој сегмент не е запазена и да се утврдат, условно кажано, виновниците, каде затаила целата постапка“,
На објавата на Бојмацалиев во меѓувреме реагираше министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, кој доаѓа од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, со порака дека е недозволиво граѓаните да бидат лажени и манипулирани.
Повикувајќи се на статистиката според бројот на издадени патни исправи, Тошковски вели дека во февруари бројот на изработени и подигнати пасоши е енормно зголемен во однос на претходните месеци, а тоа, како што оцени, е резултат на целосната реогранизација направена во овој поглед.
Во февруари, како што објави Тошковски, издадени се 57 549 пасоши, во јануари таа бројка изнесувала 39 783, а во декември лани биле издадени 20 783 патни исправи.
„Зошто овие бројки не биле достигнати претходно е прашање кое треба да биде одговорено од други, а во меѓувреме ние ќе продолжиме со работа и со изнаоѓање на решенија кои ќе придонесат за подобрување на сервисот кон граѓаните“, пишува Тошковски во реакцијaта објавена на својот профил на Фејсбук.