• Импресум
Sunday, November 16, 2025
METRO.mk
  • Почетна
  • Вести
  • Живот
  • Забава
  • Љубов
  • Спорт
  • Хороскоп
Нема резултати
Погледни ги сите
  • Почетна
  • Вести
  • Живот
  • Забава
  • Љубов
  • Спорт
  • Хороскоп
Нема резултати
Погледни ги сите
METRO.mk
Нема резултати
Погледни ги сите

Борко Ристовски најави реконструкција на спортската сала во УКИМ и изградба на две нови во Аеродром и Крушево

11/11/2025
Време за читање: 1 минути
A A
Ристовски порача: Нема да дозволиме било какви игри околу Вардар!

Отпочнување на изградбата на две нови спортски сали и реконструкција на спортската сала во комплексот на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје се три големи проекти што ќе ги спроведе Министерството за спорт до крајот на годината, најави министерот Борко Ристовски.

Како што соопштуваат од Министерството, на денешното гостување на ТВ 24 Ристовски посочил дека тоа се три големи проекти со кои се заокружува годината.

-Реконструкцијата на спортската сала во комплексот на УКИМ е многу важна и за образованието и за спортот, бидејќи оваа сала веќе десетина години стои неупотреблива, како вистинска руина. По комплетната реконструција на салата, над 4.000 студенти ќе може да се занимаваат со спорт и да ги реализираат часовите по физичко образование во современ и безбеден спортски објект, рече Ристовски.

Оттаму велат дека до крајот на годината Министерството за спорт ќе ги постави темелите и ќе почне со изградбата и на нова спортска сала во населба Аеродром (кај ФФМ) во Скопје и на нова спортска сала во Крушево.

-Направивме истражувања кои покажаа дека националните спортски федерации што ги носат репрезентациите на подготовки трошат над 1 милион евра годишно надвор од нашата држава. Кога ќе направиме идеална спортска сала во Крушево, во близина на спортски хотел, планина, овде блиску во Македонија, поголем дел од тие средства ќе останат во државата, наместо да се трошат за подготовки во странство. Крушево ќе прерасне во еден регионален спортски центар за подготовки не само на македонските репрезентации и екипи, туку и за тимови од државите во регионот, дополни Ристовски.

Во рамките на предвидените проекти на Министерството за спорт, Ристовски соопшти дека во изминатите 15 месеци се изградени и реконструирани над 40 мултифункционални спортски центри низ целата држава со основна заложба за рамномерна регионална распределба и спорт достапен за сите.

Воедно, најави дека до крајот на годината успешно ќе биде завршен и проектот за изградба на шест базени кои беа почнати и оставени недовршени од поранешната Агенција за млади и спорт и тие ќе бидат предадени на општините.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

САД поставија рок за НИС – Вучиќ свика итна седница на Владата
Вести

САД поставија рок за НИС – Вучиќ свика итна седница на Владата

16/11/2025
Проданоски: ЕКО МИСИЈА за почист и поздрав Прилеп
Вести

Проданоски: ЕКО МИСИЈА за почист и поздрав Прилеп

16/11/2025
Три мега скандали во еден ден ја тресат Владата, вели ВМРО-ДПМНЕ
Вести

ВМРО-ДПМНЕ: Трајановски не е промена за СДСМ, промена и реформа се можни само со оставка на Филипче

16/11/2025
Хотел во Истанбул евакуиран по смртоносно труење со пестициди
Вести

Хотел во Истанбул евакуиран по смртоносно труење со пестициди

16/11/2025
Малолетници од тетовско училиште во тоалет оставиле лист со ученици и закани
Вести

Серија прекршоци откриени во продавници и киосци до училиштата

16/11/2025
Најтопло во Гевгелија и Дојран, најстудено во Лазарополе
Вести

Времето денес сончево со мала до умерена облачност, максимална температура до 20 степени

16/11/2025
Следна вест
ЦУК под себе го добива Координативниот центар за потраги и спасување при воздухопловни несреќи во цивилното воздухопловство

ЦУК под себе го добива Координативниот центар за потраги и спасување при воздухопловни несреќи во цивилното воздухопловство

  • Импресум
Информации: +00 389 123 456 789

Developed by Konzoto. Hosted by Konzoto.

Нема резултати
Погледни ги сите
  • Почетна
  • Вести
  • Живот
  • Забава
  • Љубов
  • Спорт
  • Хороскоп

Developed by Konzoto. Hosted by Konzoto.