Инфомакс објави ексклузивна фотографија направена попладнево на која се гледаат неколку добро познати ликови од македонската политичка сцена во државата.
Како што објави Инфомакс, на вечера во еден познат охридски ресторан се актуелниот градоначалник и кандидат за градоначалник на ВМРО-ДПМНЕ, Кирил Пецаков како и пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Саше Донев.
Интересно е што во нивно друштво е и поранешниот премиер и претседател на Република Македонија од СДСМ, Бранко Црвенковски.
Која е позадината на оваа средба останува нејасно имајќи во предвид дека Црвенковски подолго време не е активен на политичката сцена во официјален карактер иако неофицијално стоеше позади формирањето на ЗНАМ на Максим Димитриевски.