Дејан Станковиќ се врати на клупата на Црвена звезда, како што беше и во 2019 година, кога за прв пат го предводеше својот омилен клуб, наследувајќи го Владан Милојевиќ. На официјалната промоција, Станковиќ откри дел од својата голема цел и со одбрани зборови зборуваше за Синиша Михајловиќ, како и за тандемот Александар Катаи – Мирко Иваниќ.
Владан Милојевиќ кратко се прости преку веб-страницата на клубот, велејќи: „Ти благодарам за се, Црвена звезда, те сакам“.
Во саботата, по последниот натпревар на клубот оваа година, беше официјално потврдено дека Станковиќ се враќа на „Маракана“, со договор на две ипол години според српските медиуми.
Меѓу двата мандати во Звезда, Станковиќ работеше во Сампдорија, Ференцварош и Спартак Москва. Сега се враќа за да ја освои двојната круна и да обезбеди пласман во Лигата на шампионите преку квалификациите, што претходно не успеа.
Станковиќ ќе ја продолжи и заврши работата што ја започна Милојевиќ, со клубот на бод заостанување во домашното првенство и со голема шанса за пласман во Лигата на Европа.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:












