Денеска беа потпишани договори за државна гаранција и заеми во вкупна вредност од 97 милиони евра, со кои ќе се реализираат стратешки енергетски проекти кои значително ќе ја променат енергетската слика на државата.
Министерството за финансии овозможи финансирање од 87 милиони евра за проектот „Фотонапонска електроцентрала Битола 3“, преку издавање државна гаранција. Од оваа сума, 50 милиони евра се обезбедени од КфВ, а 37 милиони евра од Европската банка за обнова и развој. Дополнително, 10 милиони евра се обезбедени за ревитализација на хидроелектраните.
Министерката за финансии, Гордана Димитриеска – Кочоска, изрази благодарност до меѓународните финансиски институции за континуираната поддршка, како и до тимот на АД ЕСМ за посветеноста во реализацијата на проектите. Таа истакна дека овие капитални инвестиции ќе придонесат за зајакнување на домашното производство на електрична енергија, ќе обезбедат постабилно и посигурно снабдување и ќе дадат поттик за економска стабилност и одржлив развој на државата.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:












