Викендов на гробиштата во Ѓорче Петров се случил необичен инцидент. Според сведоштва на граѓани, маж облечен во мантија се претставувал како свештено лице и нудел изведување на верскиобреди за пари.
Еден од присутните граѓани, кој своето искуство го споделил на социјалните мрежи, раскажал дека додека „попот“ се подготвувал да отпее на местото пристигнала полиција и го привела лицето, по што обредoт не бил изведен.
Од Министерството за внатрешни работи потврдија дека на 1 ноември 2025 година, на гробиштата во Ѓорче Петров, полициски службеници го легитимирале Б.П., кој извршувал верски активности.
Од МВР додаваат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.







