Од ДУИ вечерва потврдија дека Али Ахмети утре ќе присуствува на лидерската средба свикана од премиерот Христијан Мицкоски.
Засега нема конкретни детали каков ќе биде ставот на Ахмети во однос на техничката влада. Пратеничката Арта Зендели изјави дека до утре Ахмети ќе размисли и ќе го формира својот конечен став, нагласувајќи дека одлуката за укинување на техничката влада е ексклузивно право на претседателот на партијата.
Од поканетите на василичарската лидерска средба, единствено Венко Филипче најави дека нема да учествува. Тој уште на почетокот порача дека не сака да седи на иста маса со, како што рече, криминалци, ниту да разговара за укинување на пржинската техничка влада.
Од коалициските партнери во Владата, на средбата се очекува да присуствува претседателот на ЗНАМ и градоначалник на Куманово, Максим Димитриевски, како и градоначалникот на Тетово и лидер на коалицијата Вреди, Биљал Касами.
Левица најави дека принципиелно прифаќа укинување на техничката влада, но само доколку се воведе една изборна единица. Пратеникот Амар Мециновиќ вчера на прес-конференција во Собранието информира дека Левицата ќе учествува на лидерската средба, нагласувајќи дека е време за конструктивен дијалог за клучните државни прашања.
Лидерската средба ја поздравија и ЛДП и ДОМ, кои најавија дека ќе присуствуваат, со очекување дека разговорите ќе отворат простор за промена на досегашните политички теми.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:












