Против две лица од Крива Паланка е поднесена кривична пријава поради сомнение дека спречувале службени лица во извршување на службени дејствија.
Како што информира полицијата, станува збор за 58-годишно лице и малолетник, кои се товарат за кривично дело „спречување службено лице во вршење службено дејствие“.
Инцидентите се случиле на 4 март 2026 година на две локации – во населбата Баглак и во селото Кошари. Според пријавата, осомничените во два наврати со употреба на физичка сила и закани се обиделе да ги спречат службените лица од Агенцијата за храна и ветеринарство при извршување на нивните активности.
Службениците постапувале во рамки на акција за заловување, товарење и транспорт на крупен добиток.
Надлежните институции преземаат понатамошни мерки за целосно расчистување на случајот.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:











